Ерменија и Азербејџан се согласија да ги прекинат борбите околу регионот Нагорно Карабах од 10 часот на пладне, изјави рускиот министер за надворешни работи.
„Примирјето беше објавено во 12 часот 10 октомври од хуманитарна основа“, истакна Сергеј Лавров по обемните разговори меѓу дипломатите од двете земји.
Портпаролката на Министерството, Марија Захарова, одделно потврди дека прекинот на огнот ќе започне денес напладне.
Пред две недели вооружени судири избија меѓу Баку и Ереван околу спорниот регион Нагорно Карабах, кој според меѓународното право му припаѓа на Азербејџан, но е под контрола на сепаратистите поддржани од Ерменија.
Двете земји се судрија неколку пати околу регионот, а меѓународните напори за мирно решавање на конфликтот не вродија со плод.










