Властите на Еквадор потврдија дека на Џулијан Асанж му доделија државјанство, за што веќе неколку денови неслужбено се зборува, што би можело да биде конкретен чекор спрема неговото напуштање на нивната амбасада во Лондон во која се наоѓа уште од 2012 година, каде доби азил.

Прво побараа од британската Влада на Асанж да му се додели дипломатски пасош (тоа би му овозможил имунитет од приведување), а кое Британската влада го одби – само на неколку часа подоцна Еквадор го прогласи за свој граѓанин.

Министерката за надворешни работи на Еквадор, Марија Фернанда Еспиноса, порачала: “Еквадор моментално разгледува неколку опции по прашањето на дијалог со Обединетото Кралство“.

Меѓутоа, од лондон порачаа дека никакви алтернативи ниту договор не доаѓа во предвид, додека пак портпаролот на бтитанското министерство за надворешни работи порачал: “Еквадор знае дека постои само едно решение, а тоа е да Џулијан Асанж ја напушти амбасадата и се соочи со правдата“.

Извор:Advance

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here