Руските успеси на надворешната политика на Блискиот исток и несогласувањата во Пактот на НАТО ја доближија Москва до Турција, што доведе до поделба меѓу Анкара и Северноатлантската алијанса, смета политичкиот аналитичар Салман Рафи Шеик. Како што тврди во својата статија за Global Research, ова прашање може да оди дотаму што Турција ќе биде првата членка на НАТО-пакт во историјата која ќе биде исклучена од нејзините редови.
Турција, која и понатаму е во НАТО, многу се оддалечи од сојузот на последните неколку години, Салман Рафи Шеик. Аналитичарите се согласуваат дека ова најмногу се случува поради промените што се случија на Блискиот Исток а последица се на сирискиот конфликт. Според Шеик, завршувањето на сириската криза ги принуди регионалните актери да ја донесат одлуката на кој геополитички спектар ќе му се приклонат.
Турција јасно покажа дека не е лојален член на западниот камп под водство на САД и затоа ја сметат за сојузник на Русија.
Според експерт, “фактот што Анкара ги зајакнува односите со Москва всушност значи дека полноправна членка на Пактот на НАТО одржува тесна соработка со земја која не е ништо друго освен единствена причина за постоење на Северноатлантскиот сојуз од крајот на Студената војна”.
“Тоа било можно благодарение на активната и вистинска антитерористичка политика на Русија, што е во спротивност со онаа на НАТО, која не успеа да го искорени тероризмот во регионот, и покрај тоа што е главна воена сила. САД  денес се обвинуваат за обид за организираат државен удар во Турција, земја со втора најголема армија во Алијансата “, пишува Салман Рафи Шеик.
Како што се менувала положбата на НТО и САД на Блискиот исток , уште од почетокот на сирискиот конфликт, јасно се почусвтвувала потребата за промена на форматот на односите со низата на блискоисточни земји, истакнува Шеик.
 Turska vojska
Да тргнеме само од Турција. Советникот за национална безбедност, на Доналд Трамп, Херберт Мекмастер, неодамна ги прогласи за виновни Турците и Катар за ширење екстремистичка идеологија. Во меѓувреме, потсетува авторот, само неколку дена пред да ја даде оваа остра изјава, Мекмастер ја нарече Русија “ревизионистичка сила” која заедно со Кина работи против САД и нејзините сојузници, обидувајќи се да го поткопа “меѓународниот поредок”.
Според Шеик, овие две изјави на “Мекмастер” сакаат да кажат дека “ревизионистичките сили” почнаа да ги уништуваат придобивките за кои САД веруваат дека ги оствариле во изминатите 17 години од војна против тероризмот, создавајќи сојузи со земјите кои наводно го поддржуваат тероризмот.
Мекмастер не случајно ја изнел оваа изјава за Турција неколку часа пред состанокот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган со својот руски колега, Владимир Путин, продолжува авторот.
Интересно е и тоа што, меѓу другото, лидерите разговарале за испораките во Турција систем за против-воздушна одбрана С-400, а нивното купување би значело дека руското оружје сега ќе биде на територијата на НАТО.
Тоа значи дека и самата Русија ќе биде присутна во земјата која е членка на Северноатлантската алијанса, што пшредставува реакција на Москва кон проширувањето на НАТО на руската граница и низ цела Украина, тврди Шеик.
Според мислењето на авторот, сето погоре укажува дека “крајот на сириската игра” ги обедини Русија и Турција, додека Анкара се скара со НАТО. Во меѓувреме, благодарение на способноста на Москва да влијае врз Курдите, Турција повеќе не се противи на учеството на вторите во сириските преговори, но Курдите можеби не ги претставуваат луѓето од милицијата на ЈГП и партијата ПИД, кои се американски сојузници во северна Сирија.
Ова значи дека САД ги изгубиле речиси сите регионални сојузници кои влијаеле на конфликтот. Паралелно започнаа преговори со Русија во врска “отстранувањето” на курдската милиција ЈПГ од кантонот Африн, кој на северот на Сирија се граничи со Турција, пишува Салман Рафи Шеик.
“Можната руско-турска операција во Африн би можела да резултира со создавање на уште една жешка точка која би можела да стане последен шајка на штицата на членството на Турција во НАТО”, смета Шеик.
“И покрај фактот што НАТО никогаш не ја исклучил било која земја од Алијансата, денес никој не може да ја отфрли можноста Турција да нема да биде првиот член на сојузот на која ќе и биде упатена ваква анатема”, сумира Салман Рафи Шеик.
Извор:logicno

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here