Кинеското Министерство за надворешни работи реагира на соопштението на Вашингтон за признавање на Кудса (Ерусалим) како главен град на израелскиот ционистички режим.
Генг Шуанг верува дека статусот на Ерусалим, или Кудс, како што е неговото  првично географско име, со кои го нарекуваат сите муслимани, па со самото тоа и  Палестинците, комплицирано и чувствително е прашање.
“Сите страни треба да сторат повеќе за мирот и спокој во регионот, да се однесуваат внимателно и избегнуваат одлуки што би можеле да предизвикаат нови непријателства во регионот”, изјавил Генг, додавајќи дека Кина е загрижена дека одлуката на Белата куќа “може да ги влоши конфликтите во регионот” .

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here