Американскиот претседател Трамп го призна Ерусалим како главен град на Израел. Кога минатата недела ја најави својата одлука, наиде на бројни критики од меѓународната заедница и земјите од Блискиот Исток, кои предупредија на непредвидливи последици од таквиот акт: дод трајно загрозување на израелско-палестинскиот договор, преку граѓански нереди па се до избувнување на Третата Интифада.
И токму сега, такво сценарио е можно. И додека Палестинската Самоуправа на Западниот брег се задржа на својата вербална критика, изјавувајќи дека САД повеќе не би можеле да бидат посредник во мировните преговори, Хамас повика на Денот на гневот и Третата интифада.
Првата Интифада, која избувна во 1987 година и траеше до 1993 година, беше граѓанска, а не вооружен бунт, бидејќи Палестинците во судирите со израелската војска воглавном  користеле камења и молотови коктели. Во конфликтот беа убиени околу 200 израелски и 2.000 Палестинци.
Втората Интифада, која започна во 2000 година и траеше до 2005 година, беше вооружен бунт. Како што тоа беше дефинирано од страна на поранешниот шеф  израелските тајни служби Шин Бет, станувало збор за бунт на народот кои сметале дека повеќе ништо не може да изгубат. Тоа биле години кога организациите како што се Хамас и Палестинскиот џихад се афирмираа и создадоа легитимитет со бројни самоубиствени напади и други напади. Во судирите овој пат загинале околу 1.000 Израелци и 3000 Палестинци.
Потоа, во 2014-2015. дојде до зголемување на насилството во Ерусалим, кое беше обележано со напади со нож, автомобили и камиони, што некои ги дефинираа како Тивја Интифада или Интифада на Ножеви, но повеќето експерти се согласија дека ова не е Трета интифада.
Но, сега Хамас повика на трето национално востание, и доколку дојде до тоа, за разлика од првите две Интифади, ќе резултира со дестабилизација не само на Израел и Палестина, туку и на целиот Блиски Исток, каде што сега веќе се одвиваат голем број меѓународни, регионални и секташки конфликти.
Но, да се вратиме во минатото.
Ерусалим, светиот град на христијаните, муслиманите и евреите, денес е еден од најпознатите и најголемите предмети на спор во модерната историја. Израелците го сметаат целиот Ерусалим за главен град, додека Палестинците источниот дел од градот го сметаат како главен град на нивната идна палестинска држава.
За време на предизборната кампања, Доналд Трамп се определи како про-израелски ориентиран кандидат и вети дека ќе ја премести американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим. Претходно во март 2016 година, на годишната конференција АИПАК (Американо-израелски комитет за односи со јавноста), едно од највлијателните лоби во Вашингтон, Трамп изјави дека ќе ја “премести Американската амбасада во вечниот главен град на еврејскиот народ, Ерусалим”.
Но, што конкретно е спорно тука? Имено, поделбата на ОН од 1947 година во планот предвидува Ерусалим да добие статус на “меѓународен град”. Меѓутоа една година подоцна, во 1948 година, Израел прогласи независност и избувна војна. Кога борбите завршија во 1949 година,повлечена е граница, таканаречената Зелена линија, која го дели Ерусалим на два дела. Израел го контролирал западниот дел од градот а, Јордан источниот, вклучувајќи го и познатиот Стар град.
Дваесет години подоцна, за време на Шестдневната војна во 1967 година, израелската армија го окупираше источен Ерусалим. Одтогаш, целиот град е под контрола на Израел, кој секоја година, меѓу мај и јуни, го обележува “Денот на Ерусалим”. Ама, Палестинците, како и многу други меѓународни набљудувачи, продолжуваат да го перцепираат Источен Ерусалим како главен град на идната палестинска држава.
Ако САД ја преселат амбасадата во Ерусалим, тоа би значело дека САД де факто го признаваат Ерусалим како главен град на Израел. Таквата одлука би можело да го поништи 70-годишниот меѓународен консензус и веројатно трајно ќе ги парализира сите чекори кон мирното решение, бидејќи САД беа посредник во преговорите.
Амбасадата на САД отсекогаш била во Тел Авив, иако одреден број на земји, меѓу кои Холандија и Костарика, имале свои амбасади во Ерусалим. Во јули 1980 година, Кнесетот донесе закон со кој целиот Ерусалим го прогласи за главен град на Израел. Советот за безбедност на Обединетите нации одговори со резолуција со која се осудува спојувањето на Израел со Источен Ерусалим и таквиот чин го прогласи како акт на кршење на меѓународното право. Во 2006 година, Костарика и Ел Салвадор беа последните земји што ги преселија амбасадите од Ерусалим во Тел Авив заедно со остатокот од светот. Некои земји одржуваат конзулати во Ерусалим, вклучувајќи ги и САД, кои имаат и една во западниот дел на градот. Други земји – како на пример, Велика Британија и Франција – имаат конзулати во источниот дел на градот кој служи како главен претставник на овие земји на палестинските територии.
Во 1995 година, американскиот Конгрес усвои закон со кој се бара американската влада да ја премести амбасадата од Тел Авив во Ерусалим. Но, секој претседател од Клинтон, преку Буш до Обама, го заобиколувал тој закон на начин со кој на   секои 6 месеци, потпишувале одлука за одложување на преселување на амбасадата, оправдувајќи го тој потег како заштита на американската национална безбедност. Долга низа на ходини, израелски политичари, вклучувајќи го израелскиот премиер Нетанјаху и градоначалникот на Ерусалим Нир Баркат, бараа преместување на амбасадата.
Кога Трамп минатата недела го објави признавањето на Ерусалим како главен град на Израел, претседателот на Палестинската Самоуправа, Махмуд Абас, се сврте кон другите светски лидери, вклучувајќи ги Путин и Јорданскиот крал Абдула II со што би се зголемил притисокот врз Трамп. Организацијата за ослободување на Палестина (ПЛО) предложи да ќе го разгледа укинувањето на признавањето на Израел и откажувањето на сите договори меѓу Израелците и Палестинците од Осло па наваму, доколку Вашингтон се одлучи на таква одлука. Но, очигледно, меѓународниот притисок врз американската администрација не беше успешен.
Исто така, броијни аналитичари предупредија дека евентуалното признавање може да предизвика бран на немири – улични протести и насилство – на палестинските територии и низ целиот арапски свет. Влијателен ирачки шиитски свештеник, Муктада ал-Садр, во јануари предупреди на својата веб-страница дека преместувањето на американската амбасада во Ерусалим дека ќе представува објавување на  отворена војна на исламот.Покрај тоа, тој повика на затворање на израелски и американски амбасади во исламските земји.
Интересно е што, и покрај изборното ветување, преместувањето на Американската амбасада не се случи ова лето, бидејќи на 1 јуни 2017 година Трамп потпиша одлука за одложување за преселување на амбасадата. Притоа, Белата куќа во својата изјавата соопшти дека “никој не треба ова да го толкува како чекор на повлекување на силната поддршка на американскиот претседател на Израел”. Во официјалната изјава исто така се наведува дека “претседателот донеч таква одлука со цел да ги максимизира шансите за успешно преговарање за договор меѓу Израел и Палестинците, исполнувајќи ја својата обврска на одбраната на американските интереси на националната безбедност”. Многумина веруваат дека Трамп го прекршил предизборното ветување како резултат на притисокот од арапските лидери, кои предупредиле дека ситуацијата може да ескалира, исто така и од страна на неговите сопствени советници кои биле загрижени дека таквата одлука би можела да ги отстрани сите напори на американската администрација за решавање на деценискиот спор.
Покрај тоа, за време на неговата посета на Блискиот Исток, Трамп се состана со Нетанјаху и со Махмуд Абас и изјави: “Знаеме дека мирот е возможен ако ја тргнеме болката и несогласувањето на минатото и ги обединиме напорите за конечно да ја решиме оваа криза”.
Израелско-палестинскиот конфликт е една од најдолгите кризи во историјата на мировните разговори. Израел сега е земја без визија за политичка иднина, а мировниот процес со Нетанјаху, од една, и Фатах и ​​Хамас од друга страна, во овие околности, едноставно нема перспектива. Со оглед на историјата на конфликтот и колку напори биле вложени во потпишувањето на договорот во Осло во 1995 година, може да се заклучи дека ваквите потези на сегашната американска администрација во најмала рака неповолни.
Се поставува прашањето што сега? Хамас мораше да повика на Третата Интифада, бидејќи црпи легитимитет од вооружената борба против окупацијата и се бореше за ривалство со Фатах. Покрај тоа, постои и реална шанса дека Интифадата ќе избувне бидејќи тензиите, поради дискриминација и секојдневно малтретирање од страна на израелските власти, веќе се собираат со години.
Но, од друга страна, водачите на Хамас и Палестинската самоуправа се свесни за тоа со каква бруталноста реагира израелската армија ако дојде Интифада.Од тука можно е дека палестинските критики и протести да бидат главно дипломатски канализирани.
извор (и):Advance,Haaretz, Times of Izrael, New York Times, BBC, Knife Intifada

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here