И кај едниот и кај другиот имаше обид за нивно соборување, иако има разлики меѓу нив. Зборуваме за двајца владетели од Блискиот исток – еден е сирискиот претседател Башар Ал Асад, а другиот е турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Некогаш биле блиски пријатели, а може да се каже и сојузници, за подоцна да да станат лути непријатели. Меѓутоа, прашање е дали ова е крај на нивниот однос илиеден ден би можеле да направат цел круг, и да се вратат отприлика таму каде што некогаш биле-можеби не баш во истата ситуација повторно да одат на заеднички годишни одмори, ама со здрав разум да го спасат регионот од сё поголемата провалија.
Кога зборуваме за тло кое се ниша под нозете очигледно е дека на Асад му се тресе малку повеќе и малку пошироко – се тресе и униптува целата негова земја, а опасноста сеуште не поминала. Терористите се потиснуваат, пополека од ден во ден, меѓутоа секогаш над Сирија кружи облак на поголема странска воена агресија, а во последните денови Израел сё почесто отворено се заканува.
Ердоган не се најде во ситуација на војна, меѓутоа тоа не знаќи дека не почувствувал како тлото се поместува. Згора на тоа, заканата по него беше кратка, ама силна. Во историските моменти некои ситни детали можат да ја одредат иднината – минатата година, по сё тоа беше паметниот телефон на Ердоган бидејќи на време да не ја емитуваше видео пораката, пренесена по пат на телевизијата, дека е слободен и жив, можеби Турција денес ќе беше сосема многу поинаква земја.
Обидот за државен удар во Турција предводен од организацијата ФЕТО, го загрози на Ердоган и целиот систем во Турција. Додека против Асад се обедини целиот Западен свет, притоа опишувајќи го како еден од последните диктатори на кого времето му поминало и тогаш се покренаа концентрирани напори за да се лиши од слобода. Во исто време Западот формално глуми сојузништво со Ердоган, меѓутоа зад затворени врати за него најверојатно зборуваат уште многу полошо одколку за Асад.
Кога сё ќе се собере и одземе, кога овие двајца ставиме еден до друг, Асад изгледа како разумен, смирен и иронична прикладна особа за комуникација со Западот, додека пак Ердоган, разумно одговара на секој напад врз него, неговиот народ обидувајќи се да воспостави и равнотежа во недоразбирањата помеѓу исламските земји, ама од друга страна, понекогаш знае да не избира и зборови и до крајните граници да го цеди својот статус на стратешки партер кој Западот мора или да го задржи, или пак по пат на било каков пресврт (пуч) да се ослободи од него.
Државните уидари не се пишуваат како тарнспарентни бизнис планови и никаде нема да можеме да најдеме конкретен документ во кој се потпишуваат сите спонзори на минатогодишниот обид за воен удар во Турција, меѓутоа познавајќи ја проблематиката би можеле да заклучиме дека одредени Западни сили, макар и структури, биле наклонети на идејата Ердоган да се разреши од должноста и тоа по пат на клсичен турски воен удар.
Се разбира, воениот удар никогаш не бил толку прецизен процес – многу работи во текот на настанот можат да тргнат по друг пат. Да, Турција имаше висок коефициент на успешност. Ердоган остана, опстои и стана уште посилен и понемилосрден код одредени неправиди.
Асад, пак пред војната позатвоири голем број на неисто исленици, продолжувајќи ја политиката на својот татко, можеме само да погодуваме ( сигурно бројката не е мала), Ердоган пак во ваквиот процес на затварање се вклучи подоцна, односно после пучот, откривајќи ги сите кои работеле за ФЕТО и Западот со крајни лоши намери. Десетина илјади, војници, јавни служќбеници, политичари, нивинари, за кои постоеле соодветни сознанија за учество во пучот, беа затварани.
Не треба да се занесуваме со геополитичкото тактизирање. Сепак меѓу двајцат има разлика. Западот против Асад ги подржува бунтовниците кои се борат против неговиот режим, додека бунтовниците (ПКК) против Ердоган и турската држава не ги “подржува“ никој, барем така изгледа по медиумите, иако се повеќе Западот особено САД им испраќаат оружје на припадниците на ПКК.
Се разбира, романтичната идеја за сценарио во кое Асад и Ердоган повторно се пријатели, сега веќе како прекалени блискоисточни лидери, не може туку така преку ноќ да се реализира. Последно што официјално сме слушнале од Ердоган за Асад е тоа дека тој представува “месар на својот народ“, а тоа не е баш изјава која може лесно да се повлече и премине преку неа.
Од друга страна, рацете не мора јавно да се подадат. Подадена рака на Ердоган е турската разузнувачка служба, како и онаа сириската на Асад. Доволно е тие две раце да се пронајдат, а за заедничко фотографирање на двајцата може да се очекува уште и цело десетлетие..
Вистина е дека за ова тема се зборува веќе најмалку една година, отприлика, откако имаше пуч во Турција. До една нормализација после пучот дојде, она помеѓу Турција и Русија, а во која фаза е хипотетската нормализација на Турција и Сирија? Некои ќе кажат дека таквата нормализација не може да биде, а некои пак оставаат времето да покаже, како ќе се одвива ситуацијата со Сириските курди.
Да погледнеме што кажуваат поединци упатени со општата состојба. Еден од нив е секако Зејнеп Гурчанли од турскиот весник Sözcü тој смета дека Турција токму работи на тоа да ја промени својата надворешна политика, а една од најголемите цели на тој пресврт би било смирувањето со Дамаск.
Се смета дека нешто токму се случува бидејќи дипломатските контакти со земјите од регионот во последните недели и денови станаа сё поинтензивни.
“Превземени се чекори, со кои во регионот би се создала ситуација која би одела на рацете на турските интереси. Меѓутоа, сега сведочиме на тоа дека Турција постепено се откажува од таа стратегија“, рекол Гурчанли.
Некакви постепени промени се уочливи, ама тешко дека представуваат резултат само на турското премислување. Работите треба да се наречат според вистинското име – доколку Русија воено не се вмешаше во сириската војна, Турција веќе би создала “ситуација која би и одговарала не нејзините интереси“. Меѓутоа, руската интервенција се случи и од тука дојде и до корекција на плановите.
И, така во крајност, од сета тоа создавање на нова голема ситуација во регионот, Турција заврши со нереди пред вратите. Еден таков неред е Идлиб, сириска северозападна провинција која се граничи со Турција и која постана концентрат на разни екстремисти кои се повлекле пред сириската војска.
Од друга страна тука се курдските борци, кои станаа најважен американски сојузник на теренот во Сирија. САД има некој план со Курдите, можеби, ама сепак Турција знае за таквиот исход и се подготвува, па од тука нормализација на односите со Асад и евентуалното свртување на Асад против Курдите – би претставувало далеку поприфатливо сценарио.
Накрај, тука се Иран и Русија, два клучни сириски зојузници кои во исто време имаат релативно добри односи со Турција. И покрај интересната преплетеност, не е претерано да се каже дека Анкара “подобро се разбира“ со Техеран и Москва, отколку со Брисел и Вашингтон ( а особено Берлин). Притоа не е тешко да се заклучи дека руски и ирански представници за време на секоја средба со турските по прашањето околу Сирија, во приватност да се дошепне “ А зошто да не се смирите?“.
И така, малку по малку, веројатно и до тоа помирување ќе дојде. За пријателство е доцна, очигледно тоа никогаш и не го било- меѓутоа за еден политички соживот, неискрен, ама мирен секогаш постои простор, поготово доколку тоа и` одговара на едната и другата страна.
Сириската војна оди кон својот крај, и точно се знае кои работи мора да се случат за конечно оружјето да замолкне, помирувањето помеѓу Анкара и Дамаск представува една од најважните точки.








