Покрај тоа, можноста од приближување на Вашингтон и Москва во пронаоѓањето на трајно решение за мирот во Сирија, ја влече Турција и Иран кон заеднички став околу ова земја, што јанпосле го испитува и досегот на руското влијание во регионалните престолнини. Во средината на месец август во Турција допатува иранскиот генерал Мохамед Хосеин Багери, начелник на главниот штаб на иранската војска, што представувало несекојдневен чекор и исказ на турско-иранската подготвеност за искажување на единствен став спрема Сирија. Официјално Багери дошол да поразговара за граничната безбедност и борбата против тероризмот, ама многу значајно е да се увиди сето ова се сличи на пред шестиот круг од преговорите помеѓу Турција, Иран и Русија во Астана кон крајот на август,а се однесуваше на формирањето на зона за деескалација во Сирија. Исто така одржана е и средба на една недела пред доаѓањето на маериканскиот министер за одбрана Џејмс Матис во Анкара, после што планирал да го посети Ирак и Катар во мала регионална турнеја
Русија настојува да ги максимизира своите предности во Сирија, па дури и во односот со Техеран. Русија сака да ги утврди договорите на мировните преговори и тоа на Иран од зад грб. Исто така Москва преговарала за безбедносни зони во југозападна Сирија со САД на средбата во Аман, ама и за зони во источна Гута и северен Хомс, за што се разговарало во Каиро. Русија себе си се гледа како дипломатска сила која го сменила текот на војувањето во Сирија, ама премногу лагодно се отфрлува фактот дека Техеран допринел за пробивот на сириските државни сили на терен. Дамаск преживеа во поголем дел благодарение на шиитските милиции од Либан. Сирија и Ирак, кои имале ирански советници и кои делумно или во потполност биле финансирани од Иран. Зајакната е и културната соработка на шиитските верски чувства во Сирија. Сите тие можат да бидат загрижени кога Русија вклучува договор со Израел и овозможува на израелските воздушни сили предност во нападите на силите на Хезболах во Сирија.
Турските медиуми силно ја поздравија посетата на генералот Багери и најави желба повеќе од било кога во постигнувањето на договор за Сирија и Ирак, како и цврсти понатамошни чекори. Единството веќе веднаш се покажа во подршката на Анкара и Техеран на Катар, како, како најјаки неарапски држави во регионот кои застанаа зад Доха, иако емиратот е еден од најголемите финансиски спонзори на бунтовниците кои се борат против Асад. Меѓутоа, Турција и Иран исто така можат да се пронајдат на исти линии во поглед на курдското население. Турција има најмалку 14 милиони курди, а Иран околу 8 милиони. Двете земји силно застанаа против најавениот референдум за независност на ирачкиот Курдистан заради заканите кои потенцијалната самостојност на курдската држава може да ги донесе во нивните курдски подрачја.
Курдската работничка партија (ПКК) ова година добележила 33 години од почетокот на крвавата кампања за курдска независност и самоуправа меѓу курдските југоисточни региони на Турција. Во Иран ПКК понекогаш се гледа како тактичка препрека на Турската моќ и преголемата самостојност на Ирачките Курди, а истото го правел и Хафез ал-Асад и неговиот син Башар во Сирија. Меѓутоа и Иран гледа закана во иранските курдски групи кои се засолниле во ирачки Курдистан, и кои се обидуваат да го пореметат поредокот на Исламаката Република во иранската провинција Кордестан. Во изјавите на турската и иранската војска во текот и после посетата на Багери, се открило дека главни теми на разговорот токму биле референдумот во ирачкиот Курдистан, состојбата во сириската провинција Идлиб, каде дејствува курдската војска, како и борбата против терористичките групации. Очигледно овие теми биле многу важни, така да на високо ниво е остварена посета каква што досега не дошла во последните 40 години. Помало е значењето што шефот на иранската војска посетил НАТО членка, бидејќи НАТО во стварност повеќе не делува во Турција. Се очекуваат одговарачки чекори на двете земји со цел стопирање на отцепувањето на ирачкиот Курдистан и тоа со употреба на било какви средства.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дури предложил и воена акција, меѓутоа Иранците од таа идеја се оградиле, нарекувајќи ја само иницијатива на турскиот претседател а не предмет на разговори на двете страни. Станува збор за акција против ПКК и Партијата за слободен живот во Курдистан (ПЈАК) која представува закана за иаранската национална безбедност. Ердоган предложил борбен удар против двете групи, а за иранска помош Турција би делувала за Иранска корист во Сирија. Турците сакаат да ја разрешат ситуацијата во Идлиб и бараат Иранците да не се мешаат. За возврат Анкара би се одрекла од некои свои сириски сојузници кои Техеран ги смета за терористи.
Како што изгледа, таков договор не е невозмножен. Планираниот референдум за независен Курдистан може да влијае на покренувањето на сириските, турските а можеби и иранските Курди, а иранската влада сеуште се сеќава на курдските востанија во текот на Исламската револуција во 1979 година, кога курдските сепаратистички сили се обидоа да го искористат револуционерниот момент и издвојат од Иран. Покрај тоа, независна курдска држава неминовно значи и разделување (отцепување) на Ирак,а со тоа и можност на ирачките сунитски Арапи со сличен референдум што на Иран би му значело дека во краток рок би бил источен сосед со три кревки и нестабилни држави. Ирачките шиити не се заштитиле од од потенцијалните внатрешни расправии, што покажува и неодамнешната посета на Муктаде ал-Садр на Саудиска Арабија каде добил парична понуда за продажба на своите ставови. Порозноста на границите потоа може да се зголеми и на ирачко-сириската страна, па ќе се појави прашање дали иранскиот сојузник во Дамаск воопшто легитимен владетел на целокупната сириска држава.








