Трошоците за живот растат, цените на производите речиси секојдневно се менуваат, а нагорниот тренд го следи и инфлацијата. Ова го покажуваат најновите статистички податоци во Северна Македонија. Додека Државиот завод за статистика укажува дека трошоците на животот во 2024 година, во однос на 2023 година, се зголемиле за 3.5 %, а цените на мало имаат пораст од 3.8 %, премиерот Христијан Мицкоски уверува дека Северна Македонија ја очекува економски добра година.

„Очекувам година во која ќе има напредок и прогрес на секој план“, порача Мицкоски на Божик. Истиот оптимизам го сподели и во средата (08.01) при посетата на Штип. Вели дека „2024 година ќе ја завршиме со 3,5 отсто инфлација, а годинава треба да биде добра на економски план“.

На што се темели економскиот оптимизам?

Статистиката измери дека трошоците на живот во декември 2024 година во споредба со истиот месец од 2023 година, се зголемени за 4.4 %, а цените на мало за 4.3 %. Најголемо зголемување има во рестораните и хотелите за 9.9 %, потоа кај алкохолните пијалаци, тутунот и наркотиците за 7.6 %, но и кај облеката и обувките, транспортот, здравјето и образованието.

Не мирува ниту инфлацијата – мерена преку индексот на трошоците на животот во декември 2024 година, во однос на ноември 2024 година, таа изнесува 0.3 %. „Зголемувањето на инфлацијата во декември 2024 година, во однос на ноември 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: транспорт за 4.8 %, рекреација и култура за 1.7 %, ресторани и хотели за 0.4 %, облека и обувки за 0.2 %, разновидни стоки и услуги за 0.1 %“, посочуваат статистичките податоци.

Повеќе на:dw.de