Фото: Архива ОН. Камп во Нусерат – Египет
Илјадници бегалци побегнале од војната. Спас нашле во земја во која допатувале преку Средоземното море. Не, ова не е приказна за сириските бегалци. Таа е стара повеќе од шест децении и станува збор за Европјани.
Фото: Архива ОН. Играчки кои ги направиле бегалците
Во екот на Втората светска војна стотици луѓе од воено зафатените подрачја својот спас го нашле во избеглиштво. На островот Виду претстојувале илјада бегалци од Хрватска, а од грчките острови голем број на бегалци спасот спасот го нашле на Кипар.
За да им помогнат Британците во 1942 година започнале акција која на крајот му помогнала на 40.000 бегалци. До 1944 година целата работа ја презеле Обединетите Нации – иако тој термин тогаш ги означувал сојузничките сили. Пољаци, Грци и Југословени, биле разместени во кампови од Египет преку Палестина до Сирија.
Фото: Архива ОН. Југословенски бегалци во еден од логорите
Откако ќе се регистрирале, поминувале низа на медицински прегледи и веднаш биле сместувани во бараки. Некаде како во Алепо во Сирија можеле да дојдат до градот и купат некои потребштини.
Уловите не биле најдобри, ана не и лоши. Имале терени за спорта, и места за одмор. Кој знаел некој занает можел и да го искористи. Во логорот Ел Шат во Египет, главен збор воделе југословенските симпатизери на комунистите.
Децата добивале основно образование. Во некои од камповите имале и исложби на слики кои бегалците ги насликале и изработувале.
Во меѓувреме и Иран се приклучил на проектот, па така тука засолниште пронашле 300.000 Пољаци . Некои останале во Иран и после војната, дури и денес во Иран можат да се најдат по некој останат бегалец од Полска. Денес имаме ситуација кога Полската Влада остро се противи на приемот на сириски бегалци.
Извор: (The Bosnia Times / Washington Post)









