
Кога од Албанското пристаниште во Драч, се тргне кон 40 километри оддалечената Тирана, и кога под главниот сообраќаен јазол се сврти под локалниот мост и локалниот пат, за десет минути се пристигнува во Шијак, гратче со околу 15 илјади жители, половината од нив се Бошњаци.
“ Од тука на два до три километри се наоѓа селото Коџаз, кое цеслоно е населено со Бошњаци, а итприлика уште толкава бројка ќе ве пречека и на влезот во една друга населба (село) каде на самиот влез ќе ве пречека пано на кое пишува “ Добре дојдовте во Борак“ на босански, албански, и англиски јазик. Селото Борак е сместоно во една малечка падина.

Куќите се еднокатни и карактеристични за овој приморски крај со обавезно пластучно буре за вода на покривот. Пред куќите имаат доста големи имоти, забележителни воногради, ама и овоштарници, најмногу со портокали и друго приморско овошје.
Тргнале за Турција а завршиле во Албанија
Во центарот на селото, под некогашната џамија, која во ерата на Енвер Хоџа е претворена во магацин за жито, се наоѓа семејната куќа на фамилијата Цигиќ или сега како Чега кое и официјално е нивно албанско презиме. Астрит главата на фамилијата, најпрво потсетува дека првите Бошњаци тука пристигнале уште во 1871 година.
“Заради тогашната ситуација во Босна, тргнале со брод за Турција. Во текот на патувањето биле зафатени од силно невреме па едвај пристигнале на непознат брег. Кога пристигнале во денешното пристаниште Драч, прашале дали ова е Турција – добиле потврден одговор дека е така, бидејќи Албанија тогаш била под Турска власт, и тука се истовариле. Им дале место за привремен претстој и од претстојот во тоа место подоцна истото ко добива името Борак“, вели Астрит додавајќи дека моментално во тоа село живеат околу 1.500 жители и сите во куќите и понатаму зборуваат на босански јазик.

“Тоа е наш јазик и ние секогаш меѓусебно зборуваме на тој јазик. Албански зборуваме само кога сме со Албанците. Што се однесува до соживотот, најмногу опстојуваме од земјоделието, а повеќето од нашите мештани живеат и работаат во Германија или Италија или по некои од овдешните фирми. По особа, после 1992 година ни дадоа по 2250 квадрати земја, без оглед дали детето е родено тука илине, или дали е старец од 80 години. Јас добив 11 илјади квдартани метра“, тврди тој.
Неговата 80-годишна мајка, родена Ѓулза, а сега како и сите од малечка ја викаат Рута, со носталгија зборува за времето кога таа била малечка. Нејзиниот татко вели таа, имал осум деца, и единствено самот таа на одела на школо.
До 1948 година сите мажи се женеле од Босна.
“Ова село беше најубавото во Албанија. Многу се почитувавме помеѓу себе, сите бевме како браќа и сестри. Си помагавме едни на други, сега повеќе не е така. До 1948 година сите наши мажи се женеа од Босна, ама после прекинувањето на односите на Албанија и Јигославија се прекина со таа пракса и полека започнавме да се мешаме со Албанците. Нашите момчиња, меѓу нив и мојот син Астрит започнаа да се женат со Албанки. Започнаа да настануваат нови обичаи, нови навики, ама секап задржавме многу доста од Босна. Ако нашите претсци можеле толку да опастанат, ќе мора и нашите наследници. Носијата не ја сочувавме, ама фотографиите и приказните од Босна сеуште ги чуваме и пренесуваме од колено на мколено“, тврди нана Ѓулза.
Во меѓувреме од работа се врати нејзината снаа Љинда, Албанка која го научила босански и со свекрвата, сопругот, и двете деца без проблем, ама и акцент, одлично зборува босански јазик.
“Кога се омажив за Астрит не знаев ниту еден збор, ама подоцна научив, најмногу со децата. Бошњаците се многу добро и култруни луѓе и многу сум горда што се омажив за Бошњак. Додека бев млада, многу мои сонароднички ми завидоа на тоа. Се навикнав и живееме скалден живот а пред да се омажам никогаш дотогаш не сум слушнала за ова место а ниту за Бошњаци“, вели таа.

Немаат проблем со Албанците
Најмалиот Амел, син односно внук на фамилијата Цигиќ, оди во 11-клас во гимназијата во Шијак. Тој е одличен ученик и многу добро зборува босански. Како што вели, научил од неговиот рахметли дедо, а со него прво работел и Нурко Делалиќ, кого властите во Сараево пред седум- осум години го испратиле децата во Борак да ги подучува на босански јазик.
“Мојот сон е да студирам во Босна, која не јавидел ниту еден член од неговото семејство. Во гимназијата сите професори ни се Албанци, нема Бошњаци, ама немаме никакви проблеми ниту со учениците ниту со професорите. Овде во Борак, основна школа посетуваат околу 150 ученици. Од пред неколку години, од прво до птетто оделение, сите деца учат босански. Наставникот е од нашето село и тој тоа го прави доброволно, за тоа не добива никаков надомест, а ниту плата. Тое е многу добар педагог и од него многу научивме на нашиот книжевен јазик“ – тврди Амел.
Еридида, неговата млада сестра, посетува деветто одление и после гимназијата планира да студира право, бидејќи доа го сака и како би можела да им помага на луѓето, особено на своите сонародници.
“Кога се дружам со Албанците, тие не молат да им зборуваме на босански јазик, како и тие би го научиле нашиот јазик. Навистина многу нё почитуваат и немаме никакви проблеми“, нагласува Еридида.
Голем број на влијателни Бошњаци и ако не се признати како малцинство
Астрит потсетува дека тие не се признати како национално малцинство, ама и покрај тоа имаат доста школувани и влијателни луѓе. Имале, како што вели тој, министри, уредници на познати весници во Тирана, новинари во некои од најголемите приватни телевизии, писатели, спортисти.. Меѓутоа, како што вели тоа ..Многу го боли тоа што државата Босна и Херцегопвина за нив не направила “речиси ништо“, па барем да имаат полесни услови за да ја посетат.
Во Борак, инаку има голем број на мини претпријатија, поготово ресторани, кои носат ием “Босна“, а еден од нив е “Сарево“ и тука Бошњаците, воглавном ги одржуваат своите свадби каде и може да се наслушне босанска музика. При изградба на куќите тие на своите покриви го истакнуваат босанското знаме. Една од најголемите бензиски пумпи на автопатот Драч – Тирана е во сопственост на Бошњак во атарот на селото Борак.

Баба Ѓулза, или Рута, на своите млади сонародници им порачува да не ги заборават своите предци и традиција, и Босна како матична држава. “Никако не смеат да го заборават својот јазик. Ние босанските песни кришум ги слушавме на радио, де не нё слушаат соседите бидејќи веднаш би ги повикале агентите на “Сигурими“ и веднаш би завршиле во затвор. Би сакала барем за нашите внуци Босна да ги отвори своите граници.
Ако ние ја немавме таа среќа, барем тие да имаат можност да ја посетат Босна“.
dubai-portal.com.mk









