Сигурно повеќето од онаа постара генерација на жители на населба Подгорци, се сеќаваат на овој објект кој започна во 1987 година,  и тоа на инсистирање на жителите на ова населба, чувствувајќи како недостаток на една ваква здравствена иснтитуци потребна на населбата.

Техничката документација е направена некаде на почетокот на 1987 година и истата според договорот за најзината градба било предвидено таа да се одвива во две фази и тоа за две години.

Првата фаза како карабина да биде изградена од страна на населбата и истиата е изведена во 1988 година. Понатаму останатиот дел односно втората фаза да биде изградена од страна на Здравствениот Дом Вевчани, под кои во тогашниот период паѓаа здравствената абмуланта во Подгорци и Вевчани.

Што се случувало понатаму со обидите и ставањето на објектот во ваква денешна состојба, со проследување на краткиот видео материјал ќе ги добиете поопширните информации, како од текот на настаните, така и од денешната состоја на ова несудена амбуланта (здравствен дом на населба Подгорци) за кои жителите и претрпријатијата од тогашниот период од ова населба издвојуваа средства за нејзина изградба.

Dubai-portal.com.mk

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here