
Белградскиот Воено-почитички аналитичар Мирослав Лазански смета дека Западот не е подготвен за покренување на копнена офанзива против “Исламската држава“, бидејќи тоа би довело до огромни жртви меѓу интервенционистичките сили.
Тој тврди дека уништувањето на “Исламската држава“ не е можно без подготвеност на поднесување на сопствени загуби и дека Франција не е подготвена да тргне во копнена офанзива, туку единствено да продолжи си воздушни удари по целите на “Исламската држава“, што и претходно го правеа истото без и било каков успех.
“Американците први не сакаат да заглават во копнени судири во Сирија и Ирак. Тоа моментално не го посакува никој на светот. Било каква интервенција од таков вид би подразбирала огромни жртви’, изјавил Лазански.









