руф

Полициската истрага за убиството на девет-те Афроамериканци во црквата во Чарлестон е во тек, а злосторството е направено од омраза. За жал, ова не е единствен случај во американската историја. Црнечките цркви веќе долго време се мета на бројни расисти кои ги спалувале и момбардирале со намена терорисување на заедниците, кои тука се присутни, и каде се собираат. Еден од најгнасните терористички напади во американската историја е направен во Бирминген – Алабама во 1963 година. Четири девојчиња се убиени кога припадници на Ку Клукс Кланот фрлиле бомба во црнечката баптистичка црква, а ова трагедија покрена и иницијатива за оснивање на Движење за граѓански права (Civil rights movement).

Ама кога ќе ги слушате американските медиуми никаде нема да го најдете зборот “тероризам“ во опишувањето на масакрот во Чарлестон. Нема да слушнете дека Дилан Руф се етикетира како “потенцијален терорист“. Судејќи според известувањата за претходните напади од страна на белци, така и ќе и остане. Наместо тоа, објаснување за неговите недела ќе биде менталната болест. Ќе го хуманизираат и наречат болесен, жртва на злоставување или со некој неадекватен психијатриски третман. Активистот Дерај МекКесон овие денови коментирајќи ги мотивите на Руд истакнал, дека како прво што водителот  на вестите на НБС рекол било: “Сеуште не знаеме каква е неговата ментална состојба“. Тоа е надмоќта на белата раса во Америка.

Американските медиуми секогаш имаат друга пракса кога зборуваат за злосторствата на Афроамериканците и муслиманите. Тие како осумничени веднаш се окарактеризираат како терористи и брутални криминалци мотивирани со зла намера, а не со општествена неправда, како што е случајот со белците. Додека белите злосторници секогаш се осамени волци ( градоначалникот на Чарлестон веќе изјавил дека станува збор за осамен злочин од омраза), злосторствата на црницте и муслиманите се систематски, па захтеваат реакција и дејствување на сите оние кои се од нивна вера или боја на кожата.

Дури и оние со потемна боја на кожата се жртви на демон изација. Нивните животи се чешлаат како би се пронашол било каков пристап или оправдување за нивното убиство. Трајон Мартин носел капуљача, Мајкл Браун крадел цигари, Ерик Гарнер продавал украдени цигари. Кога црнечко момче без било каков пристап е уапсен или злоставуван од страна на полицијата во МекКинеј во Тексас, водителката на Фокс Њуз, Мегин Кели во недостаток на други аргументи за жртвата рекла дека “ни тој не бил светец“.

Моменталните вести од Чарлестон исто така се сведуваат на истиот шаблон. Веќе е изјавено дека пасторот на црквата ,кој е меѓу жртвите држел проблематични проповеди кои би пожеле да подигнат тензии. Ова навика на обвинување на црните жртви дека се соучесници во своите сопствени убиства и понатаму продолжува.

Меѓутоа, ќе биде тешко да се остане и при овој бајат расистички медиумски наратив кога во прашање е масакрот во Чарлестон. Сите жртви се убиени само заради тоа што присуствувале на вечерната школа на Библијата. Злосторникот ова црква судејќи по нејзиниот историјат, најверојаттно намерно ја одбрал. Тоа е прва Африканска методистичка екископска црква во јужниот дел на САД, оснивана во 1818 година. Нејзин оснивач бил познатиот пастор Морис Браун и водачот на големата побуна на робовите во Чарлестон, Денмар Весеј. Самата црква набрзо станала мета на белите екстремисти бидејќи е направена со средства на анти-робовладетелските општества од северот на земјата. во 1822 година членови на црквата обвинети се дека планирале бунт заедно со Весеј и заради тоа црквата била запалена до темел.

Во тој контекст вече е јасно дека убиството на пасторот и другите членови на на црквата претставува намерен чин на омраза. Градионачалникот Рилеј исто така истакнал дека “ единствена причина некој да се прошета во црква и убие луѓе додека се молеле може да биде омраза“. Ама мора да отидеме чекор понапред од тоа. Зад овиј злочин стои јасна порака на заплашување. Ова дело го осликува историјатот на тероризмот против црнечките заедници кои промовираат човечки и граѓански права. Заради тоа двоумењето на многу медиуми да белиот убиец го наречат терорист зборува многу тоа.

Во овој нов медиумски наратив не би смеела да биде занемарен ниту фактот дека црквите и џамиите веќе долг временски период се мета(цел) на расни и верски насилства во Америка. Покрај споменатиот злочин во Бирминген од 1963 година, во текот на деведесетите години исто така многу цркви биле нападнати и запалени. После 11 септември на јавноста и е наметната и тезата дека сите овие злочини повеќе не се терор. Наместо тоа на сцена настапи исламофобијата која зароби некои медии и политичари кои сугерирале дека терминот “тероризам“ применлив е единствено во случаеви каде се осумничени луѓе со темна боја на кожата.

Се надевам дека овој пат новинарите и репортерите ќе постават прашања кои ќе продрат во сржта на проблемите на расното насилство во Америка. Каде овој човек кој убил луѓе додека мирно читале Библија  во црква наулик толку да ги мрзи своите црни сограѓани? Дали бил лојален на конфедерециското знаме кое сеуште се виори над општината во Јужна Каролина? Дали бил инспириран од десничарките медиуми кои до бесвест црните Американци ги прикажуваат како мрзливци и насилници?

Се надевам  дека известувањето за овој настан нема да се сведи на стандардна приказна за белите убијци: осамен, изреволтиран или ментално  болно момче кое општеството го изневерило. Овде не станува збор само за една особа која мрзи. Тоа е манифестација на расна нетрпеливост, надмоќ на белите и дискриминација на црните, појави кои и понатаму го расекуваат нашето општество. Заради тоа овој настан треба да се прикаже во тоа светло. А бидејќи властите веќе го пронашле осумничениот, и него треба да го наречене онака како што залужува : терорист.

Anthea Butler – Washington Post

Извор: Nermin Spahić (Minber.ba)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here