МОСКВА- Москва наскоро би требало на Иран да му го испорача рускиот противвоздушен ракетен систем С-300, известил министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров. Лавров во изјава за новинарите после разговорите во Москва со иранскиот колега Џавад Зариф.

Ракетниот систем, според зборовите на Лавров, не била тема на разговорите, меѓутоа е констатирано дека “подготовките за испорака се во тек и дека договорот наскоро ќе биде исполнет“, пренела агнецијата Тасс.

Рускиот претседател Владимир Путин на половината на минатиот месец ја укинал забраната за испорака на противвоздушни ракетни системи С-300 на Иран која била воведена во 2010 година од страна на Дмитриј Медведе.

Путин го потпишал указот со кој се укинува забраната за транзит преку руска територија, вклучувајќи го и воздушниот сообраќај, транспорт од руската територија во Иран, како и предавање на системот С-300 надвор од пределите на Русија со користење на пловни објекти и авиони под руско знаме, пренесоа руските медии.

После санкциите воведени на Иран, било суспендирано и важењето на руско-иранскиот договор од 2007 година за испорака нс системот С-300.

Лавров тогаш нагласил дека системот С-300 првенствено е одбрамбен и дека не е предвиден за напади со што не ја загрозува ниту една регионална држава, вклучувајќи го и Израел.

Реагирајќи на таа изјава, портпаролот на Белата Куќа Џош Ернест сугерирал дека ова постапка на Москва би можело да ги загрози плановите за укинување на санкциите кон Иран и во рамките на конечниот договор за нуклеарната програма на Техеран.

Споразумот помеѓу Иран и шесте светски сили би требало да биде постигнат до 30.јуни.

Од друга страна Иран му се заканил на Саудиска Арабија и Турција, заради нападите на Хутите во Јемен.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here