Тој факт го истакнал познатиот даија, шејх Хамид ел-Али, кој на својот Твитер профил напишал: “ Во истиот хотел каде се потпиша договорот за укинување на хилафетот, дене се потпиша и договорот за иранската нуклеарна програма“.
Според турските историчари, Мустафа Кемал имал задача да ги спроведе зацртаните точки од мировниот договор од Лозана, во 1923 година. Имено, западните земји го прифатиле мировниот договор под услов Турција да исполни четири услови кои ги предложил англискиот шеф на дипломатијата а тоа се:
1- Прекинување на сите врски на Турција со исламот
2-Укинување на хилафетот во целост.
3-Протерување на халифата и неговите приврзаници од Турција и кофискација на имотот на халифата.
4-Воведување на граѓански устав, наместо стариот (исламски) устав.
Така на 3.март 1924 година, Мустафа Кемал Ататурк, го повика Уставотворното собрание, а бил уверен дека никој од членовите на Уставотворното собрание – од кое остана само името – не би се осудиле да се спротивставуваат на неговата одлука. На дневен ред ставен бил и нацрт резолуцијата за укинување на хилафетот, кој е наречен “ тумор на средниот век“ и донесена е долука за негово укинување без расправа. Така Мусфата Кемал Ататурк го згасна факелот на хилафетот кој низ времето на вековите беше симбол на муслиманското единство и гарант за нивниот опастанок.










