Шведска- Зборувајќи на собирот на Бошњачката национална фондација во шведскиот град Малме, санџачкиот муфтија Муамер еф. Зукорлич се осврнал на крвопролевањето меѓу муслиманите на Блискиот исток и притоа истакнал:
“Ова што се случува во Сирија, Ирак и Јемен не се однесува само на овие земји. Со предизвикувањето на овие судири се стегнува злонамерниот обрач околу Мека и Медина. Нашите свети места. Загрижен сум за Мека и Медина. Крајно време носителите на важните одговорности во Исламскиот умет да тргнат и почнат да се однесуваат во рамките со предизвиците и просторот“.
Извор: SANA











