Имајќи ја во предвид ново настанатата состојба во оваа партија во текот на минатата година, особено од поднесувањето на оставката на претседателот на ова партија г-динот Фијат Цаноски, вчера со почеток во 14.30 часот во просториите на хотел Дрим се оддржа средба на потесното раководство на оваа партија со нејзините членови, симпатизери и граѓани на Струга и пошироко.

Како една од главните цели за која била свикана оваа средба е периодот на истекување на регистрацијата на оваа партија, односно потребата од нејзинот повторно пререгистрирање кое истекува во наредните две недели, покрај останатото напомена г-динот Цаноски, претседател на оваа партија, кој воедно е во оставка од 13.Мај.2014 година.
Мислам дека бројот на потписи кој ни е потребен (1000) ќе биде надминат за повќе, а мое како наредна активност после нејзиното пререгистрирање и потврдување дека ПЕИ продолжува да постои и понатаму на политичката цена, ќе биде некаде кон крајот на месец Април лично јас да свикам конгрес , на кој ќе бидат извршени голем број на промени во раководните структури на ова партија, односно онаму каде што е зацртано дека претходно требало да се направи,- надополни г-динот Цаноски.
А, ние почитувани во прилог на овој наш пост (информација) Ви го претставуваме целокупниот видео материјал, од денешната средба, како и размислувањето на останатите членови на ова партија.
Dubai-portal.com.mk








