Ханан Ел-Фетлави на конференцијата за новинари во зградата на ирачкиот парламент изјави дека меѓународните коалициони сили ги бомбардирале положбите на ирачката војска и дека при тоа погинале преку 50 војници додека десетина биле повредени.
Таа побарала итна реакција на владата на Ирак. Според нејзините зборови, ова не е прв пат да меѓународната коалиција ја бомбардира Ирачката војска и доброволни сили. Ел-Фетлави истакнала дека владата и парламентот треба да реагираат на овој напад, а на семејствата на погинатите шехиди и повредените борци да им се исплати одштета.
Извор:ББН










