На состанокот било договорено јакнење на саудиско-турската подршка на сириската опизиција како би се оствариле дадените цели на двете земји. Според зборовите на новинарите кои го придружувале на Ердоган, кралот Селман ветил дека ќе ја подржи Турција во воспоставувањето на забрана на летови во Сирија.
Разговорот за проблемите во Сирија, Иран, Јемен и Палестина покажало дека Турција е многу повеќе вклучена во решавање на опасното иранско прашање.
Саудиска Арабија посебно е загрозена од силното иранско влијание во Ирак, Сирија , Либан и Јемен, па од тие причини ја повлекува Турција на своја страна . Новата Саудиско-Турска алијанса се чини како обид за создавање на сунитски блок наспроти шиитскиот свет. Турција секогаш се држела на страна во ваквите судири се до доаѓањето на власт на АК Партијата на Ердоган. Сега таа станува дел од алијансата за блокада на Иран.
Кралот Селман, по стапување на престолот , се соочи со криза во Јемен. Сега тој моментално работи на промена на балансот на силите во регионот со повлекување на Турција и Египет на своја страна. Колку тоа ќе биде успешно зависи од неговите можности за намалување на непријателството помеѓу Ердоган и Сиси. Состанокот со Сиси еден ден пред состанокот со Ердоган покажа дека кралот Селман прашањето на Египет го држи настрана додека го зајакнува сојузништвото со Турција. Пред летот за Ријад, на прашање на новинарите дали ќе се сретне со Сиси, Ердоган одговорил: “ Вие мора да се шегувате. За такво нешто, потребо е да се направат сериозни и позитивни чекори“.
По враќањето во Анкара, новинарите му поставиле прашање за тоа колку прашањето за Египет може да влијае на односите на Саудиска Арабија и Турција, Ердоган одговорил: “ Постојат разлики, ама тие не се толкави за да им наштета на нашите билатерални односи. Нашата цел е зајакнување на саудиско-турските односи за добро на Блискиот исток и целиот исламски свет. Кажано ми е дека Саудијците имаат ист став за формирање на зони за забрана на летови и формирање на безбедни зони во Сирија, како и за програмата за опремување и обука на опозицијата. Египет го третираме одвоено, заради тоа што, тоа не треба да ги пореметува нашите односи со Саудиска Арабија“.
На прашање дали Саудијците му понудиле предлог за помирување со Египет, Ердоган одговорил: “Се разбира, тие сакаат да се смириме со Египет на највисоко ниво, ама не инсистираат на тоа“,
Главната грижа на Саудискиот крал била формирање на сунитски блок кој ќе го ограничи иранското влијание. Ердоган, кој во последните години се занимавал со Ирак, токму од ситите причини сега настојува да го охрабри кралот и Турција да ја вклучи во Саудискиот план.
За прв удар врз Иран, Турција и Саудиска Арабија го гледаат уривањето на Асад. Главна препрека за реализација е американското гледање на приоритетот во бомбардирањето на ИДИШ без напаѓање на режимот на Асад како цел.
Извори: Al-Monitor i Yeni Safak










