Saudijska Arabija u 2014. prvi uvoznik vojne opreme na svijetu

Саудиска Арабија во 2014 година, била првата земја во светот по увезување на воена опрема, соопштила група задолжена за анализа на воени прашања со седиште во Лондон.
Шест години едно по друго, продажбата на оружје во светот бележи пораст, така во 2014 година таа достигнала 64,4 милијарди долари, што претставува 13,4% повеќе отколку во 2013 година, се наведува во извештајот на IHS Jane’s.
Во извештајот, кој опфаќа околу 65 земји, пишува дека Ријад е најголем купувач на оружје во светот, како и тоа дека за увоз на оружје и воена опрема Саудиуските власти издвоиле 6,4 милијарди долари.
Како истакнуваат стручњаци за воени прашања, Саудиска Арабија избила на првото место по увозот на оружје и истовремено стана “најзначаен пазар“ на воена опрема за САД.
Во 2013 година на прво место по увоз на оружје била Индија, која минатата година издвоила 5,5, милијарди долари за ова намена.
Извор:federalna.ba

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here