Исламот и христијанството на ниво – Дек(A)шер колумна за в торба

0
289

Дек(A)шер колумна за в торба

Јас (не)мислам така јас имам ст(р)ав

Исламот и христијанството на ниво

   “На светот нема вера кој била толку  злотолкувана од нејзините непријатели и  која била   изложена на толку погрдни  зборови и омраза како што е случај со  исламот„  (Хадријан Реланди)

Колку и да звучи неверојатно и парадокслано, има голема вистина во оваа фраза на Реланди. Парадоксот е уште поголем ако се знае дека во семитските консонантни писма, во кои спаѓа арапското писмо и јазик, значењето на поимите го одредува коренот на зборот. А коренот на поимот “ислам“ и “селам“ е “слм“ кој во превод значо “мир“, “спас“. Ако е така, а така е, тогаш се поставува прашањето од каде толку погрдни зборови и омраза? Сведоци сме на неосновани напади врз недолжни муслимани низ целиот Дуњалук особено по оној кобен, контраверзен и сеуште (а можеби и никогаш!) неразјаснет настан во New York на 11 септември. Не дека пред тоа немало такво нешто. Но од тогаш навака поимот ислам речиси се поистоветува со поимот тероризам како да се работи за два комплементарни поими! Денес асоцијација на исламот се калашњиков и бомбаши самоубијци како што нешто порано беа поимите оган и меч. Со мали исклучоци речиси целата историографија е полна со лаги, клевети омраза и нетрпение кон исламот и муслиманите.

Да биде парадоксот уште поголем од друга страна голем број граѓани од тн. “немуслимански свет“ го проучуваат Кур“анот и го прифаќаат исламот како свој “светоназор“, поглед на свет, и стануваат муслимани. И тоа не некакви неуки, наслини и диви луѓе туку многу образовани културни и луѓе со пацифистички, универзален дух како  Асад, Гароди, Хофман, Стивенс (Јусуф) и други кои предходно биле христијани или евреи, значи припадници на “абрахамовата вера“, верата на Абрахам, Аврам или Ибрахим а.с., во која покрај јудеизмот и христијанството спаѓа и исламот, кој пак од своја страна за евреите и хриситјаните не го употребува терминот “ќафир“ (денес лесно и често упатуван од муслиманите не само кон овие две конфесии ами и кон муслиманите!), туку Кур“анскиот термин “Ехл-ул Китаб“- Народи на Книгата кои се најблиски како до муслиманите  а “нивните “ Книги, Китаби, најблиски до Кур“анот –Последната Божја реч. –Кажете: “Ние веруваме во Аллах, и во она што ни е објавено, и во она што му беше објавено на Ибрахим, и на Исмаил и на Исхак и на Јакуб и на внуците; и во она што му е дадено од Господарот нивни на Муса и на Иса и на пејгамберите пред нив. Меѓу нив ние не правиме никаква разлика. И на Аллах сме послушни“ (Кур’ан, Ел – Бекара, 136. Превод, др. Хасан Џило).  Се намтнува прашањето зошто толку омраза кон исламот и муслиманите но и зошто омраза од страна на муслиманите кон другите ?

Не се сметам за кадарен, компетентен и повикан  да го бранам исламот, уште помалку Кур’анот, од немуслиманите. Него го брани Тој што го објавил(Аллах џ.ш.) и (п)оставил “над него да бдеат деветнаесетмина“. Ниту пак можам да ги уверувам тие што исламот не го познаваат, барем не доволно, без оглед дали себеси се именуваат како христијани, евреи или други, вклучувајќи ги тука и оние кои себе си се нарекуваат муслимани,  и така од незнаење (не)свесно шират или предизвикуваат  лаги, клевети, неосновани напади и омраза кон исламот. Ги споменувам тука и муслиманите затоа што има многу кои сето тоа го предизвикуваат со своето нетолерантно и агресивно однесување. Но во духот на Скратовото начело, можам да ги натерам луѓето да размислуваат. Овие мои гласни и ачик размуслувања се само обид за тоа.

Секој кој барем малку е на “ти“ со историјата (треба да) знае дека најголемите непријатели на исламот биле блиските роднини, племето (Курејши) и меканците, сограѓаните  на последниот пејгамбер Мухаммед а.с., а првите мухаџири(бегалци) во Абисинија биле згрижени, угостени и спасени од сигурна смрт токму од христијанскиот владетел Негус, кој откако ги чул обвиненијата на меканците за “новото и опасно учење“ на Мухаммед а.с. и одогворите на првите муслимани, особено тие кои се однесуваат на Исус и неговото учење рекол: “Разликата помеѓу овие две учења е тенка како внатрешната лушпа од кромид“!

Треба да го знаат и тоа дека Мухаммед а.с. спрема христијаните гаел поголеми симпатии одошто спрема многубожците и неверниците (мушрици и ќафири). Кога во една битка Персијците ги поразиле Византијците тој жалел за поразот на нему поблиските христијани. Според многу муфесири(толкувачи на Кур“анот) по тој повод Аллах џ.ш. го обрадувал со објава на еден ајет во кој се вели: “Византијците се победени. На најниското место на земјата, но за неколку години, по поразот свој, тие сигурно ќе победат, Тоа е Аллахова одлука и тогаш верниците ке се радуваат“ (Кур“ан, Ер-Рум, 1,2,3,4). Да напоменам дека терминот “адн-ал-ард“ кој во некои преводи е означено според секунддарното значење  како “најблиско место“ или како “соседна земја“(Бесим Коркут, др. Хасан Џило) според други, примарно значи “најниско место на земјата“.

Станува збор за месноста “Лутово езеро“, кое се наоѓа на тромеѓето на Јордан, Сирија и Палестина,  во долината на Мртво море, кое со своите 400 м. под нивото на морето претставува најниска кота на планетата, што е уште еден поразителен “шамар“ за оние кои мислат дека Кур“анот е дело на човечка рака а не Божја Објава. Бидејќи овие сознанија не било возможно да се измерат и докажат во тоа време и без денешните сателитски опсервации и мерења.. Но овде целта на авторот не е да се разглаба за деталите од арапскиот јазик или сателитските откритија, туку да се напомене и потенцира пејгамберовата, мухаммедовата а.с. љубов кон “ближиот свој“- византиските христијани vis-a-vis персиските многубожци. Ова за оние кои мислат дека христијаните се “ќафири“ заради светото тројство“, распетието, воскрснувањето и тн., (не)свесни дека и Аллаховиот пејгамбер Мухаммед а.с. го знаел тоа, ама не ги нарекол така! Треба ли да се напомене, за оние што мислат дека исламот се ширел со оган и меч,  дека вториот Халифа Омер р.а., Светиот град Ал-Кудс, Јерусалим, го освоил со “голема војска!“ составена од Халифата и само уште еден негов сејмен-придружник! Дека Тарик Ибн Зејд со војска од само 7-9.000 ја освоил многумилионската Шпанија поразувајќи ја 25.000 –ната војска на Визоготскиот крал Родерик, затоа што од населението бил дочекан и поздравен како ослободител.          Дека нешто слично неколку векови подоцна се случило и на Балканот каде тн. “еретици“(бабуните, богомилите, патарените, ахреаните), претците на денешните Бошњаци, Торбеши и Помаци, во Османлиите гледале свои спасители а не поробувачи. И не само што гледале туку и активно, како јаничари (јени-чери = нови чети), учествувале во османските војски! Дека денес најмногу муслимани има токму во оние земји каде не стапнала ни арапска ни османска војска како Пакистан, Авганистан, Индија, Кина, Малезија Индонезија и др. Има уште безброј примери но заради тесниот простор нема да ги набројувам.

Само сакам да укажам уште на еден парадокс за оние кои христијанството го сметаат за “европска религија“  а исламот за таму некоја си “азијатска вера“, (не)свесни за фактот дека ниту Исус(Иса а.с.) ниту Мухаммед а.с не се родени ниту стапнале на Еропско тло, и дека и двајцата се припадници на еден, азиски народ Семити. Значи меѓусебно поблиски од еден Италијанец и Англичанец, Французин  и Германец  на пример. Народ во кој спаѓаат Арапите, Арамејците и Евреите. И двајцата говореле варијанти на  семиткиот  јазик и биле повеќе браќа, не само по вера туку и по етногенеза од многу денешни христијани, и денешни муслимани.  Да не говориме за разни хрисијански и мулимански екстремисти кои во име “нивното христијанство“ и “нивниот ислам“ прават дејанија од кои и Исус(Иса а.с.) и Мухаммед би се застрамиле. Патем да спомнам дека мајчиниот јазик на Исус(Иса) а.с. не бил Хебрејскиот туку Арамејскиот јазик. Ова за оние кои етничката припадност ја врзуваат само со јазикот.

Зарем не би се застрамил Исус кога би знаел дека некогашните крстоносци се организирале да го пљачкаат тогаш побогатиот “исламски“ Исток под мотото “да го ослободат неговиот гроб од неверниците“?!  Или, зарем не би се застрамил Мухаммед а.с., кога би ги видел денешниве муслимани, самонеречени или етикетирани од другите како  “муџахедини“(не сакам да го употребам терминот вехабии за да не го навредам арапскиот реформатор Абд-ул-Вехаб), кои заблудени во своето непознавање на верата или платени од некои (анти)исламски организации мешетарат по, сега побогатиот Запад, и не само што со својата агресивност стануваат неподносливи не само за христијаните, туку и за самите муслимани кои ги трпат последиците од нивното однесување и за исламот воопшто, туку тие во многу терористички акции убиваат безброј недолжни луѓе. А во Кур“анот  Господарот на Световите не опоменува и ни се заканува “Кој ќе убие недолжен човек како да го убил целото човештво“.

Каде е тука исламот и исламскиот мерхамет? Каде е христијанството и христијанскот милосрдие? Ги нема! Нема лош ислам нема лошо христијанство. Има само луѓе или поточно нелуѓе кои немаат ни “х“ од христијанство и ни “и“ од исламот, ама прават “неред на земјата мислејќи дека ред воспоставуваат“, да се изразам со кур“анската терминологија. Треба да се прави дистинкција помеѓу поимите ислам и муслимани и христијанство и христијани. А тоа можат само тие кои се обдарени со разум, тие кои разбираат, тие кои разликуваат добро од зло, светло од темница, вистина од лага… Тие кои добри дела чинат и дефинитивно тие што му се покорни Нему, без оглед дали го именуваат како Аллах, Јехова, Господ, Бог, Гоот Дие. Тој е Еден, сите ние сме Негови и Нему ќе Му се вратиме. Ама и есап ќе му полагаме.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here