Синоќа Бени Османоски славеше кикбокс меч во К1 против Романецот Богдан Слабу со одлука на судиите 3-0.
Обој кикбокс спетакл под покровителство на промоцијата „Реунион“ се одржа во најголемата сала во затворен простор во Швајцарија, во Цирих, Индор арена, со капацитет од 20.000 навивачи.
„Беше супер борба, машка борба. Добив неколку удари, што е и нормално, но повеќе зададов. Го имав противникот неколку пати пред да го соборам, но беше цврст и млад борец од Романија, вели Бени Османоски за Ипон.мк.
Според него, оваа победа не е само негова, и дека таа е резултат на доверба, поддршка и напорна заедничка работа на многу силни луѓе и партнери.
„Сега одиме чекор по чекор со паметни одлуки и имаме доволно време за подготовки. Ќе прифаќам само борби кои имаат смисла за мојата долгогодишна кариера. Немам никакви повреди и следува одмор во мојата убава Македонија“, вели Бени.











