Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави договор за прекин на огнот меѓу Израел и Иран. Па, тоа не нè спречува да го поставиме прашањето: Дали ќе избувне војна меѓу Турција и Израел, слична на она што се случи со Иран, според текстот на авторот Камал Озтурк.
Како наведил тој, а објави Ал Џезира, сè додека центрите за донесување одлуки во САД и Израел се исполнети со луѓе кои донесуваат одлуки врз основа на ирационални теолошки верувања, ниедна земја во светот нема да биде безбедна.
Сите земји кои денес мислат дека се во добри односи со Трамп или дека немаат проблеми со Израел мора да сфатат дека се изложени на опасност од оние кои го гледаат светот низ ирационална теолошка призма.
Токму ова е дилемата со која се соочува Европа, се наведува во текстот. Секој што не дејствува во согласност со логиката и геополитичките реалности, туку се води од илузии и опсесии, е способен за лудило без граници.
„Израел е можеби една од ретките земји што ги покажува своите намери толку отворено, бидејќи повеќе не го крие сонот за „Ветената земја“, туку го претвори од утопија во јасно дефинирана политичка цел. Секоја земја во регионот што верува дека има добри односи со САД, а нејзините граници се во рамките на она што Израел го смета за „Ветена земја“, мора да биде свесна дека во иднина ја чека американска шлаканица. И во САД постои идеолошко движење слично на ирационалниот израелски начин на размислување, и таа е идеолошки усогласена со него. Суштинскиот проблем на земјите во регионот лежи во фактот што тие сè уште не сфатиле дека живеат во свет управуван од држави кои своите одлуки ги темелат ниту на разум ниту на геополитички реалности“, смета Озтурк.
Втората фаза започнува со Ердоган
Односите меѓу Турција и Израел поминаа низ две фази. Во првата фаза, владите што воспоставија блиски односи со Израел го насочија своето внимание повеќе кон Европа отколку кон Блискиот Исток. Иако Европа никогаш не ја прифати Турција како полноправна членка, таа продолжи да ја држи пред својата врата, давајќи ѝ зрак надеж.
Во тој период, додека Турција беше отсутна од Блискиот Исток и се дистанцираше од муслиманските земји, Израел дејствуваше сосема слободно. Секогаш кога Турција малку ќе го кренеше гласот, се соочуваше со притисок од САД, а во земјата избувнаа немири.
Дали затворањето на Хормутскиот теснец може да предизвика нова енергетска криза?
Втората фаза започна со доаѓањето на власт на Реџеп Таип Ердоган. Тогаш Турција за прв пат покажа дека Израел не може да прави што сака во регионот и дека Турција нема да каже „да“ на сè. Ова јасно се покажа на Светскиот економски форум во Давос во 2009 година, кога Ердоган му рече на израелскиот претседател: „Една минута“.
„Во тоа време, јас бев советник за медиуми на Ердоган и го придружував до Давос. Кога се качивме во авионот, имавме состанок со други советници, а Ердоган рече: „Што и да се случи, ние нема да се откажеме од нашата одлука“, со што го најави почетокот на нова историска фаза.
Од тој ден, Израел се обидува да ја дестабилизира Турција. Кога не успеа сам да го стори тоа, се обиде да изврши воен удар во Турција со помош на лидерот на движењето Ѓулен, кој живееше во САД пред да почине таму.
На 15 јули 2016 година, организацијата ФЕТО, предводена од Фетулах Ѓулен, изврши неуспешен обид за воен удар. 251 лице беа убиени, а повеќе од 2.000 беа повредени. Турција го преживеа овој обид за државен удар, кој уживаше тајна американска и израелска поддршка, и излезе уште посилна од него“, се сеќава авторот.
Дали Тел Авив ќе ја нападне Анкара?
Озтурк верува дека земјите во регионот сè уште не разбираат дека Израел, кој не дејствува рационално или во согласност со геополитичката логика, „може да изврши каков било чин на лудило со поддршка на слични струи во САД“. Овие актери, додава тој, не само што ги покажуваат своите тврдокорни ставови кон муслиманските земји, туку и кон нивните најблиски сојузници во Европа.
Додека овој начин на размислување се базира на религиозни и теолошки чувства, а не на политичка рационалност, опасноста е сериозна. Кога ќе земете предвид што американската администрација кажа за своите традиционални сојузници во Европа, можете да замислите што би можела да им направи на муслиманските земји.
До неодамна, Иран беше „црвена линија“ за САД, но Израел сепак ги нападна. Денес, израелските медиуми зборуваат за Турција како следниот непријател со кој ќе се соочи Израел во последната фаза. Ова не е изненадувачки, бидејќи се верува дека „израелскиот теолошки и сонувачки начин на размислување е способен да изврши таква глупост“.
Турција ја чувствува зканата од Израел
Нападот врз Иран е долгогодишен израелски сон, но Тел Авив не успеа да го убеди Вашингтон во тоа. Сепак, ситуацијата неодамна се промени кога конечно успеа да ги вклучи САД во воен напад врз иранските нуклеарни постројки.
„Секој што мисли дека Израел ќе застане тука, греши. Турција препозна директна закана во експанзионистичката и агресивна политика на Израел и почна соодветно да ја прилагодува својата безбедносна политика.
По нападот врз Иран, претседателот Ердоган изјави дека неговата земја ќе ги редефинира своите пристапи кон одбраната и безбедноста.
Во средина каде што агресивните политики на Израел се претворија во воени напади, ниедна земја повеќе не е безбедна. Особено откако „Ветената земја“ престана да биде само сон и стана изводлива политика. Турција, исто така, ја подигна својата свест за заканата на највисоко ниво.
Турција, која има една од најсилните армии и одбранбени индустрии во светот, почна да ја прилагодува својата безбедносна политика за да се спротивстави на „експанзионистичката закана“ што ја претставува Израел, а тоа ќе го видиме појасно во иднина“, рече Озтур.
Интересно е и тоа што 96 проценти од турскиот народ го смета Израел за закана и чувствува гнев кон него.
„Вистината е дека ниедна земја или нација на Блискиот Исток нема да биде безбедна сè додека Израел истрајува во сонот за „Ветената земја“. Но, зошто не го признаат тоа? „Навистина не разбирам“, се вели во текстот објавен на Ал Џезира.









