Претседателот на Република Српска Милорад Додик упати честитка до верниците по повод почетокот на месецот Рамазан и им посака да го поминат во мир и благосостојба.
На сите верници од исламска вероисповед им посакувам да го поминат светиот месец Рамазан во мир и благосостојба. Секој момент од вашиот пост нека биде исполнет со трпение“, напиша Додик на социјалната мрежа X.

Ретки се приликите во кои Додик има смирен наратив и во кои испраќа убави пораки, а ова е една од тие.









