Навивачите на израелски Макаби во Амстердам на фудбалскиот натпревар со Ајакс порикажаа вистински скандал и непочитување, но она што го направија пред натпреварот го шокираше светот.
Шпанскиот весник АС пишува за скандалозното однесување на Израелците кои исвиркаа едноминутно молчење за жртвите од поплавата во Шпанија.
„Ултрасите на Макаби саботираа едноминутно молчење во спомен на загинатите во Валенсија“, пишува АС во својот текст.
За потсетување, најмалку 219 лица загинаа во југоисточниот дел на Шпанија, но се уште се трага по околу 80, откако поројните дождови предизвикани од бурите ги потопија тамошните градови.










