ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи интерпелација на претседателот на Собранието, Африм Гаши. Премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Неготино упати само пофални зборови за работата на Гаши, истакнувајќи дека тој е подобар од неговиот претходник, Талат Џафери. 

„Начинот на кој тој се однесува како спикер во парламентот, како ги води седниците и се тоа што таму се случува претставува сериозно различно однесување од тоа што го правеше неговиот претходник“, рече Мицкоски.

„Нема да ја поддржиме интерпелацијата“

Според него, коалицијата СДСМ-ДУИ-Левица, има свои мотиви зошто поднесуваат таков тип на интерпелација.

„Претпоставувам оваа коалиција и политичари од рангот на Артан Груби, Талат Џафери, Бујар Османи и Али Ахмети им е подобра, отколку сегашната состојба, но јас не мислам дека е така и затоа нема да поддржиме ваков тип на интерпелација“, вели премиерот.

Пратеничката група на Левица на почетокот на август поднесе интерпелација за работата на претседателот на Собранието Африм Гаши. Интерпелацијата е ставена на  дневен ред на 13. пленарна седница во Собранието, која што е закажана за 3 септември.

Повеќе на: dw.de