За време на неговата изборна кампања, Бенџамин Нетанјаху даде шокантно ветување за анексија на делови од Западниот Брег. Веднаш после тоа уследија реакции од Турција, Арапската лига, министерот за надворешни работи на Шведска, портпарол на генералниот секретар на Обединетите нации соопшти дека планираната анексија ќе го прекрши меѓународното право, а Организацијата за исламска соработка (ОИК) утре ќе одржи вонреден состанок на министрите за надворешни работи.
Додека се осудуваат популизмот на Нетанјаху добар дел од демократскиот свет, ја осудува ваквата изјава и било какво нејзино реализирањем, а се со цџел на предстојните избори Нетанјаху дса добие подобар број на гласачи и уште еден мандат. И покрај ваквите осуди од целиот свет израелскиот премиер сепак има сојузник, а тоа е и веќе познати американскиот претседател Доналд Трамп.
Трамп вчера напиша на Твитер дека, на три дена пред изборите во Израел, разговарал со Нетанјаху по телефон за заеднички договор за одбрана што ќе го „запечати вонредниот сојуз на нивните две држави“.
„Очекувам дека ќе ги продолжиме тие разговори по изборите во Израел, кога ќе се состанеме во ОН подоцна овој месец“, напиша Трамп.
Контра-кандидатот на Нетанјаху, Бени Ганц, ја отфрла идејата за оваа форма на воен сојуз со САД затоа што верува оти ова е начинот на кој Израел ќе ја изгуби воената автономија.
– Никогаш не баравме некој да умира за нас. И никогаш не сме побарале никому дозвола да го брани Израел, изјавил Ганц за Ројтерс.
Договорот за кој Трамп зборува, меѓу другото, вклучува и интервенција на САД доколку Израел е нападнат.
Инаку, вкупно, Израел доби најмногу пари од Соединетите држави од крајот на Втората светска војна, вкупно 142,3 милијарди американски долари билатерална помош, покажуваат податоците на Конгресната истражувачка служба, пренесува CNBC. Само во 2019 година Соединетите држави ќе му помогнат на Израел со 3,3 милијарди долари воена помош.
Потсетувајќи се на Нетанјаху, кој е во премиерската канцеларија повеќе од 13 години, оваа недела изјави: „Ја објавувам намерата да применам израелски суверенитет во долината Јордан и Мртвото Море, доколку бидам избрани од граѓаните на Израел“.
Околу 70.000 Палестинци, како и околу 9.500 еврејски доселеници, во моментов живеат во долината Јордан, голем плоден појас на земја што сочинува околу една четвртина од Западниот Брег.
Меѓународното право, исто така, ги смета Западниот Брег и Источен Ерусалим како „окупирани територии“ и, според тоа, сите активности за изградба на еврејски населби во овие области се нелегални.
Извор:faktor.ba









