Во Израелски напади на Газа убиен новинар со сопругата, синот, снаата и внуката

by Administrator

Израелската армија уби уште еден новинар во Појасот Газа, којa ja напаѓа со месеци.

Според веста на официјалната палестинска новинска агенција ВАФА, израелски воени авиони ја бомбардирале куќата на новинарот Исам ал Лулу во регионот Ал Заваида во централниот дел на Појасот Газа.

Новинарот беше убиен во нападот заедно со сопругата, синот, снаата и внуката.

Во израелските напади од 7 октомври досега загинаа 121 новинар.

Во израелските напади од почетокот на нападите на 7 октомври досега се убиени 26.422 Палестинци, а 65.087 se повредени

You may also like