Израелските напади врз Газа континуирано продолжуваат повеќе од три месеци.

 

Палестинското бебе кое преживеа напад на зграда во близина на медицинскиот комплекс Шифа во северниот дел на Газа е спасено од урнатините.

Од 7 октомври минатата година, во израелските напади врз Појасот Газа загинаа 24.620 Палестинци, а 61.830 беа повредени.

Под урнатините има мртви луѓе, но медицинските екипи и службениците за цивилна заштита не можат да стигнат до телата.