Палестинскиот новинар Мотаз Азаиза објави неколку видеа откако успеа да се поврзе со интернет.

На снимките направени за време на нападот на Газа вели дека не знае кога ќе може да ги објави со оглед на тоа дека мобилната врска е прекината, а не успеал ниту да стапи во контакт со семејството.

– Ја прекинаа интернет конекцијата во Газа, немаме сигнал и не можеме да користиме телефони. Извештаите од теренот покажуваат дека израелската армија влегува во Газа од север и исток, рече Азаиза.

Во едно од видеата тој покажа како изгледа Газа по нападот на израелската армија и објасни како луѓето се борат за вода за да преживеат.

Тој го повика светот да се моли за Палестинците.

(Vijesti.ba)