
Саудиска Арабија најавила дека ќе преземе построги мерки и прекине дипломатските односи со Иран веднаш после иранската реакција. Саудискиот министер за надворешни работи Адел ал-Џубеир на Иранскиот персонал во Ријад им дал рок од 48 часа да си замината од земјата, Со тоа прекинаа дипломатските односи, иако Иран не возвратил со истата мера. Ова е последниот во низата на драматични настани на Блискиот исток, кој покажува дека режимот во Ријад одлучил на брзина да го “загрози“ обидот за постигнување на стабилност во Сирија, Либан, Ирак, Бахреин, Јемен и другите жаришта, истовремено, барем за сега на Иранците им е одземено правото да патуваат за Саудиска Арабија, па дури и на хаџ, со што се кршат верските права и оневозмножува извршување на верската должност на муслиманите.
Во таа намена Ријад ќе ја користи својата антитерористичка коалиција. Регионалната коалиција која ја предводи Саудиска Арабија против шиитските бунтовници Хути во Јмене. Меѓутоа, Саудијците потоа отидоа чекор понапред и создадоа антитерористилка коалиција. Владата во Ријад најави дека станува збор за коалиција од 34 исламски земји која има за цел борба против тероризмот. Во седиштето на коалицијата во Ријад се приклучиле: Јордан, Обединетите Арапски Емирати, Пакистан, Бахреин,Бангладеш, Бенин, Турција,Чад, Того, Тунис, Џибути, Сенегал,Судан, Сиера Леоне,Сомалија, Габон, Палестина, Комори, Катар, Брегот на слоноват коска, Кубајт, Либан, Либија, Малдиви, Мали, Малезија, Египет, Мароко, Мавретанија, Нигер, Нигерија и поранешната влада на Јемен. Меѓу овие држави своите дипломатски односи со Иран, моментално ги имаат прекинато: Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Кувајт, Судан и Џибути.
Изјавата на владата на Саудуска Арабија зборива дека коалицијата настанала за заштита на муслиманските нации против терористичките групации и организации без оглед на нивните имиња и афилации. Најзначајно изостанување е онаа на Иран, Ирак, и Сирија, ама и на Оман кој има блиски односи со Ријад и Техеран. Заменикот на саудискиот престолонаследик принцот Мохамед бин Салман потврдил дека коалицијата ќе се бори против тероризмот во Ирак. Сирија, Либија, Египет, и Авганистан. Сите намери на коалицијата би требало да се прецземаат во координација со големите сили и меѓународната задница.
Најавите на ова коалиција, претставуваат изненадубачки за меѓународната јавност, бидејќи пристигнуваат во време кога Саудиска Арабија во стварност започнува да ја покажува крајната неможност од оддржување на успешни воени операции и тоа посебно во земја која нема никаква посебна воена сила. Откако беше договорен привремен прекин на огнот во Јмен и започнаа преговорите во Швајцарија, Саудиска Арабија започна со подготовка за свртување на своето внимание спрема другите земји.
Со анализа на земјите кои ја сочинуваат коалицијата се гледа дека единствено Јордан и ОАЕ имаат сериозна воена сила, додека државите како Бенин, Малдиви или Мавретанија претставуваат дел од коалицијата и покрај фактот што немаат способност за учествување во било каква меѓународна операција против тероризмот исличово оние во сопствената земја. Од тука може да се каже дека целта не била оснивање на коалиција против тероризмот, туку обид на Саудиска Арабија да се обиде да ги собере исламските држави под едно знаме на политичка коалиција како би израсмала во лидер во тие земји, на основа верската солидарност и фактот дека саудискиот двор претставува счужбен заштитник на двете најсвети места на исламот- Мека и Медина. Со други зборови, коалицијата претставува нов знак на стариот копнеж на Ријад да биде лидер во исламскиот свет.
Изостанувањето на Иран и нејзините сојузници, Ирак и Сирија од ова коалиција исто така испраќа сериозна порака. Не само што повторно давва нагласок на старата борба помеѓу Саудиска Арабија и Иран на регионално ниво и на нивото на исламскиот свет, туку зборува и за тоа дека Саудиска Арабија се обидува да создаде коалиција против Иран. Како што може да се забележи од неодамнешните настани, Саудијците можат да создадат сопствена дефиниција на тероризмот. Во неа би можеле да се најдат меѓунродно признатите терористички орган изации како што се Džabhat al-Nusra i Ahrar al-Šam, ама и организациите кои го подржуваат Иран, меѓу нив Либански Хезболах. Заради тоа може да се олекува дека ќе се зголеми притисокот на групите блиски со Иран, а се во борбата против тероризмот.
Она што дополнително е интересно е тоа дека Саудиска Арабија новата коалиција ја објави на неколку денови откако во Ријад ги собра представниците на сириската опозиција и создаде координација на овие групи пред почетокот на преговорите со претставниците на сириската влада. Овие чекори го зајакнуваат сомневањето дека развојот на настаните во Сирија во последните месеци, вклучувајќи го и сериозното присуство на Русија и Иранското учество во меѓународните разговори околу Сирија, кај Саудијците предизвика закана, и од тука сега тие се обидуваат да покренат паралелни напори врзани за решавање на сириското прашање. Политичкиот аспект на овие паралелни напори е еден вид копнеж Ријад да ја има главната улога во координација со сириската опозиција, додека нејзиниот воен аспект е предводништвото на Ријад во новата коалиција.
На ова треба да се придодаде и сё помалото критикување од страна на западните земји и нивната пасивност спрема Саудиска Арабија и нејзините најблиски соработници во борбата притив тероризмот во регионот
Песимистичките предвидувања се преплашуваат од воениот судир помеѓу Саудиска Арабија и Иран, ама изгледа дека навистина во тек е регионална Студена војна која нема намера односно нема претензии да стане топла. Убиството на шејхот Нимра и упадот во саудиската амбасада во Тхеран само дополнително ги подгреваат страстите на веќе непоправливите односи на двата големи соседи. Сега се очекува дека саудиските шиите ќе станат уште понемирни а одговорот на Ријад без сомневање ќе биде агресивен. Во Саудиска Арабија живеат помеѓу десет и петнаест посто шиитско население, кое заради припадноста на својата деноминација според некои аналитичари “страдаат“ од државната дискриминација во вработувањето и образованието, и општо се сметаат за еретици и потенцијално нелојални граѓани. Ваквите провокации и од саудиска и иранска страна ја загрозува не само стабилноста на Блискиот исток, туку и дипломатијата во Сирија. Сите поголеми сили веќе ја искажаа својата загриженост околу провесот на преговорите во Сирија, а ширењето на ваков судир, сигурно ќе ја прекине добрата можност за примирје во таа земја.










