Во Њујорк денеска е прогласена вонредна состојба откако голем дел од областа беше поплавена поради невремето, јавува Би-Би-Си.
Метрото се затворени, а дел од патиштата се под вода. Затворен е и еден терминал на аеродромот ЛаГвардија.
За ситуацијата зборувал и гувернерката на Њујорк, Кети Хочул.
„Оваа бура е опасна по живот. Прогласувам вонредна состојба во Њујорк, Лонг Ајленд и долината Хадсон“, рече таа и ги повика луѓето да останат безбедни. „Сметајте на ова во следните 20 часа“, додаде таа.
Полициската управа на Њујорк, исто така, објави дека неколку патишта се затворени. Властите издадоа предупредување за поплави во Менхетен, Бруклин и Квинс.
I’m with state and local officials to update New Yorkers on our response to the ongoing storm and flooding. Watch live: https://t.co/uMXVrihyS9
— Governor Kathy Hochul (@GovKathyHochul) September 29, 2023








