Најмалку три лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа на јужната обиколница во Љубљана, дознава N1 Словенија. Најмалку едно лице е повредено.

Тешка сообраќајна несреќа во која учествувале повеќе возила се случила на јужната љубљанска обиколница. Во судирот се запалиле возила, а според првичните информации најмалку три лица загинале.

Ова подоцна го потврдија од полициската управа во Љубљана.

Во несреќата учествувале три автомобили – еден со камперска приколка и два камиони. Според досегашните сознанија на полицијата три лица од здобиените повреди починале на местото на несреќата, најмалку едно е повредено.