Најмалку 25 лица загинаа во големата медитеранска бура што мина низ источниот дел на Либија, соопштија неименувани извори од службите за итни случаи.

Невремето вчера и денеска помина низ источниот дел на Либија, а портпаролот на либиската национална армија Ахмад Месмари изјави дека загинале седум војници.

Фото и видео материјалот објавен на социјалните мрежи покажува луѓе на покривите на автомобилите кои чекаат помош поради пристигнувањето на бурата „Даниел“ во Бенгази, Суза, Ал Баид, Ал Марџ и Дерна.

Очевидци изјавија дека во тек е акција за пребарување и спасување.

Властите прогласија „екстремна вонредна состојба“, затворија училишта, продавници и четири големи нафтени пристаништа и воведоа полициски час.