Во буџетот за 2022 не се планирани дополнителни средства за К-15 во јавниот сектор, изјави министерот за финансии, Фатмир Бесими, одговарајќи на прашањето дали се предвидени средства во предлог буџетот за регрес на годишниот одмор за вработените во јавниот сектор, за  тоа колку ќе нè чини К-15, и дали буџетот има пари за тоа.

„Немам точна бројка, ќе ја потврдиме бројката и ќе зборувам за пресметките во буџетот и за К-15   не се предвидени дополнителни средства  за исплата во јавниот сектор“, истакна Фатмир Бесими.

Во неделата Сојузот на синдикатите протестираше, а меѓу нивните барања беше и исплата на К-15 за сите работници, односно во приватниот и во јавниот сектор. Бараат минимален регрес од 30% од просечната плата и максимум 100%   зависно од можностите на институциите. На средбата во владата, претставници на ССМ и Владата се договорија да се формира работна група во најкус  рок, која ќе понуди оперативно решение  за можностите за исплата на регрес за годишен одмор, К-15. Како што беше најавено, анализите се очекува да бидат презентирани на 20 јануари 2022. Доколку не се постигне договор за барањата, ССМ најавува штрајк.

Владата и  синдикатите  се договорија дека не е голем вкупниот број на вработени во јавниот сектор кои немаат право на К-15, поради колективните договори на ниво на работодавци и ниво на гранка, најголем дел  веќе го стекнале ова право. Во неделата ССМ протестираше изразувајќи го незадоволството од негласањето на законот   за прогласување на неделата како неработен ден. Воедно побараа и покачување на минималната плата на 18 илјади денари. Дел од барањата на синдикатот   е и враќање на правото за регрес  на годишен одмор за сите вработени со колективниот договор  за јавниот сектор и пензионирање по неколку основи.

Tv 21