Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко,изјави дека негова главна задача е да ги заштити Белорусија и нејзините граѓани од војната.

Лукашенко истакна дека ситуацијата во светот постојано се влошува, дека има конфронтација меѓу геополитичките играчи, додека пандемијата на коронавирус ја влоши целата ситуација, пренесува РИА Новости.

Лукашенко ги повика сите граѓани на Белорусија да спречат повторување на настаните од 2020 година.

„Ниту една војна не не заобиколила во минатото, ниту сега. Не дај Боже. Затоа мојата задача е да ја спасам државата и народот од војната“, ја цитираше неговата изјава прес-службата на белорускиот претседател.

Тој додаде дека треба да се посвети внимание на прашањата за територијалната одбрана.

„Не сакам нашиот народ уште еднаш да се најде, не дај Боже, во центарот на некаква војна. Знаете дека имаме територијална одбрана и територијални трупи“, нагласи Лукашенко.

Тој изрази загриженост и за можноста од сајбер напади, наведувајќи дека доколку не се преземат неопходните мерки за заштита, тоа може да доведе до сериозни последици.


„Sloboden pecat“