ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека почнувајќи од утре (26-ти ноември 2021 година), ќе врши исплата на пензијата за месец ноември на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје.
Oд 26.11.2021 година (петок) корисниците на Visa и Mastercard® дебитните картички ќе можат да располагаат со пензијата, преку мрежата на банкомати на ТТК Банка АД Скопје или во трговската мрежа.
За корисниците кои не поседуваат дебитни картички, исплатата ќе се реализира во сите филијали и експозитури на Банката во четири групи според висината на пензијата и тоа:
- до 11.000 денари на 26.11.2021 г. (петок)
- од 11.001 до 14.000 денари на 29.11.2021 г. (понеделник)
- од 14.001 до 18.000 денари на 30.11.2021 г. (вторник)
- над 18.000 денари на 1.12.2021 г. (среда)
Со цел заштита на здравјето, од банката апелираат средствата првенствено да се користат безготовински, за плаќање во трговската мрежа, преку електронското банкарство TTK E-bank или мобилното банкарство TTK M-bank, а во случај на потреба од готовина да се подигнуваат од банкомат.
При неопходна посета на филијалите и експозитурите на Банката, од ТТК Банка потсетуваат дека задолжително е носење лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), држење на пропишаното минимално растојание и дезинфекција на рацете.
Bankarstvo.mk









