Министерот Фади Ал-Хадми (Fadi Al-Hadmi), изјави дека израелските власти работат на изграбда на повеќе од 17.000 населби, во различни делови на Ерусалим и го опиша израелскиот план за населување, како „лудо цунами“.

Тој рече дека забрзувањето на изградбата на населбите преку проекти ја елиминира „секаква можност за решение меѓу двете земји“.

„Израелската влада постигнува напредок во спроведувањето на низа големи проекти за населување на север, југ и исток од градот, со цел целосно да го изолира од палестинската средина на Западниот Брег (West Bank), рече Ал-Хадми (Al-Hadmi).

Палестинскиот министер рече дека проектите вклучуваат план за изградба на 10.000 станбени единици на земјиштето на меѓународниот аеродром на Ерусалим (Jerusalem), во Каландија (Qalandia), во северниот дел на градот.

Израелските власти, исто така, планираат да изградат 3.500 станбени единици во областа Е1 во Источен Ерусалим (eastern Jerusalem), 1.250 единици во Гиват Хаматос (Givat Hamatos), 2.000 во Францускиот рид (French Hill) и 470 во Писгат Зеев (Pisgat Zeev), додаде тој.

„Од почетокот на оваа година, повеќе од 140 згради се урнати во Ерусалим (Jerusalem)“, рече Ал-Хадми (Al-Hadmi), повикувајќи ја меѓународната заедница да ги претвори своите зборови во акција и да работи на запирање на населувањето, анексијата, уривањето, раселувањето и присилното иселување и на решение со две држави да биде е зачувано, пред да биде предоцна“.


„MEMO“
„Dubai-Portal“