Суданскиот премиер Абдала Хамдок и неговата сопруга синоќа беа ослободени и тие се вратија во нивниот дом, во луксузното одморалиште во Картум, соопштија локалните власти.
Нивното апсење се случи во понеделникот наутро кога армијата прогласи вонредна состојба и генералот Абдел-Фатах Бурхан ја презеде власта во земјата.
Воен претставник изјави дека куќата на Хамдок била под „силно обезбедување“, пренесоа британските медиуми.
Бурхан вчера изјави дека го уапсил премиерот поради негова лична безбедност и најверојатно ќе го ослободи наскоро, но предупреди дека другите членови на соборената влада би можеле да се соочат со судење поради уличните протести што избија по пучот.
Доцна синоќа американскиот државен секретар Антони Блинкен разговараше со суданскиот премиер, поздравувајќи го неговото ослободување од притвор и повторно ги повика суданските вооружени сили да ги ослободат сите приведени лидери, соопшти Стејт департментот.
Nova Tv










