Магазинот „Блумберг“ („Bloomberg“) објави рејтинг на најбогатите семејства во светот.
На прво место беше семејството Волтон со богатство од 238,2 милијарди долари.
Семејството Волтон ги поседува супермаркетите „Валмарт“ („Walmart“). Во последните 12 месеци нивното богатство се зголеми за 12 милијарди долари, пишува „Sputnik“, пренесува „Dubai-Portal“.
На второ место е семејството Марс (141,9 милијарди долари), кое произведува кондиторски производи „Марс“ („Mars“).
На третото место е семејството Кох („Кох индустри“) („Koch industries“) со 124,4 милијарди долари.
На шестото место е индискиот клан Амбани („Reliance Industries“) со 93,7 милијарди долари, а на седмо место – Французите Вертамери кои го поседуваат „Шанел“ („Chanel“) (61,8 милијарди долари).
Следно на листата е семејството Ерме (кое го поседува модниот бренд „Хермес“ – „Hermes“) – 111,6 милијарди долари. Потоа следува кралското семејство на Саудиска Арабија со 100 милијарди долари.
Според „Блумберг“, богатството на 25 -те најбогати семејства во светот изнесува 1.700 милијарди долари – тоа е за 22 проценти повеќе (312 милијарди долари) отколку претходната година.
„Sputnik“
„Dubai-Portal“










