Литванија, членка на НАТО сојузот, станува се понервозна заради украинската криза и стравот дека таа би можела да биде следна руска цел (мета)
Атмосферата и напнатоста и стравот доведе до тоа фда се поголем број на Литванци започнаа да се подготвуваат за војна.
Заедно со регионалната војска, илјада литвански доброволци започнаа да тренираат во случај на моментални судири со Русија. Како би ја запознале литванската „друга војска“ треба да се излезе од главниот град Вилнус и да се упати во предградитето каде на самиот раб на населбата се наоѓаат поранешните советски бази. Таму се наоѓаат десетина воени објекти сокриени во најблиските шуми. Денес тие објекти се седиште на Заедницата на стрелците (Uniоn оf Riflеmеn), група од 8.000 луѓе кои се подготвуваат за војна против Русија.
Станува збор за цивилна одбрамбена единица која ја сочинуваат литвански доброволци од сите гранки на животот, од бизнисмени преку фармери и ИТ стручњаци до столари, па и локални политичари. На прв поглед изгледаат како “викенд борци“, ама набрзо се приметува нивното софистицирано и модерно автоматско оружје, маскирани инструктори од литванската војска која ги тренира.. Овие луѓе се многу сериозни во намерите да на потенцијалните напѓачи, а најчесто се споменуваат русите, да им се даде соодветен квалитетен отпор.
“Од почетокот на украинската криза нашата заедница се зголеми за дури 1.000 нови членови. Моментално не има околу 8.000 ширум цела Литванија, а Стрелците стануваат се популарни и меѓу младите луѓе“, објаснува Луидас Гумбинас, инаку директор на мултинационална компанија.
Заедницата е основана во 1919 година, како цивилна одбрана, а во текот на Советскиот сојуз била забранета. Повторно е формирана во 1989 година, на почетокот на литванската борба за независност. Денес сега таа претставува дел од стратегијата на Литванската влада која со внимателно планирање се одбидува дел од популацијата да ја подготви за доаѓање на русите, што многу сериозно се сваќа.
Претходниот месец Литванскиот парламент повторно ја воведе одлуката за обавезно служење на војска, модел кој е напуштен во 2008 година. Со овој чекор, план е да се повикаат дополнителни 3.500 млади луѓе кои имаат помеѓу 19 и 26 години. Тие би требало да служат деветмесечен воен рок, како би се зајакнала литванската војска.
Литванските власти исто така објавиле и памфлет во кој наведуваат што треба да се направи во екстремни ситуации и случаеви на војна. Иако Русија не се споменува, јасно се дава до знаење дека Литванија нема да ја доживее судбината на Украина. Ваквите летоци де поделени во книжарите, школите, факултетите…
Иако Литванија не се граничи со Русија, таа се граничи со нејзина енклава и на само три часа е оддалечена од Каљинград каде се наоѓа руската балистичка флота.
Извор: (Јutаrnji.hr)











