Босанецот Неџиб Муртиќ патентирал нов вид нуклеарна бомба, која има потенцијал да го смени светот каков што го знаеме, пишува сараевскиот „Дневни аваз“

Имено, во мај 2019 година, Институтот за интелектуална сопственост на Босна и Херцеговина донесе одлука за доделување консенсуален патент за пронајдок под наслов „Експлозивна реактивна направа“.

Во образложението на патентот се наведува дека овој уред се состои од три групи компоненти. Пронајдокот припаѓа на полето на атомско оружје за фузија што користи плазма – атомско јадро на кислород и азот за да создаде експлозија, се наведува во образложението на патентот на Неџиб Муртиќ.

krtice.net