Пазарната вредност на светски познатиот производител на безалкохолни пијалоци за еден ден падна од 242 на 238 милијарди долари, а медиумите пишуваат дека причина за падот бил потегот на фудбалската sвезда, Кристијано Роналдо, пишува „Sputnik“, пренесува „Dubai-Portal“.
На прес-конференцијата пред фудбалскиот натпревар помеѓу Португалија и Унгарија на Европското првенство, Роналдо ги тргна шишињата „кока-кола“, што стоеја пред него на масата.
„Вода“, им порача Роналдо на медиумите и публиката, мавтајќи со шише што го остави на страна.
„USA Today“ пренесува дека акциите на познатата компанија, која се занимава со производство на газирани безалкохолни пијалоци, паднале за цели четири милијарди долари.
Се шпекулира дека тоа е „ефектот Роналдо“, бидејќи Португалецот е несомнено еден од највлијателните фудбалери на планетата.
Исто така е познато дека Роналдо е приврзаник на здравата исхрана.
Инаку, добро познатата компанија е еден од најголемите спонзори на Европското првенство во фудбал, а на потегот на Роналдо одговори со изјава дека секој има право на своја потреба од пијалок со различни „вкусови“.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=AN22C2wUNTw[/embedyt]
„Sputnik“
„Dubai-Portal“








