Премиерката Ана Брнабиќ, се состана со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во Анталија. На средбата беа констатирани блиските односи меѓу двете земји, кои се темелат на пријателството на двајцата претседатели, пишува „Sputnik“, пренесува „Dubai-Portal“.

Турскиот претседател Ердоган, му пренесе на премиерката на Србија дека со нетрпение ја очекува посетата на Александар Вучиќ, која треба да следи во наредниот период.

Премиерот на Србија и се заблагодари на Турција за донациите за време на „пандемијата“.

На состанокот се разговараше за економската соработка, како и за заедничките инфраструктурни проекти и соработката во културата.

Премиерката на Србија, во Турција, учествува на Самитот на процесот на соработка во југоисточна Европа, објави „Tanjug“.


„Sputnik“

„Dubai-Portal“