Паметните часовници од година во година стануваат сè попопуларни. Но, сепак тие добиваат конкуренција. Научниците од Колорадо (Colorado) работат на изработка на „електронска кожа“, што истовремено ќе ги замени гаџетите и ќе ја намали количината на електронски отпад.

Како што велат, овие плочки ќе имаат можност за мерење на отчукувањата на срцето, број на преземени чекори, калории и слични параметри што ги покажуваат паметните часовници и ќе можат да се носат на кој било дел од телото.

Уредот е создаден со поставување тенки електронски навои помеѓу два слоја на флексибилен и самообновлив материјал, наречен полиимин, пренесува порталот „Б92“ („B92“).


„Dubai-Portal“

„Sputniknews“