САРАЕВО (АА) – Претставниците на турските организации и турските државјани во земјите од западниот Балкан ги искажаа своите реакции по повод обидот за пуч од страна на терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).

– „Вашиот пат е наш пат“
Директорот на Институтот „Јунус Емре“ – Скопје, доц. д-р Мехмет Самсакчи истакна дека извршениот обид за воен преврат е невидено предавство во досегашната историја на Турција. „Благодарение на силниот и патриотскиот став на турската нација и безбедносните сили, обидот за државен удар беше неуспешен“, рече директорот на Институтот „Јунус Емре“ – Скопје.
Координаторот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), Теоман Тирјаки истакна дека од почетокот на пучот досега, турската нација покажа став и ќе продолжи да прикажува став што може да ја измени судбината на исламскиот свет.
Директорот на Институтот „Јунус Емре“ од Тирана, Салих Ѓултекин, за сите загинати херои побара милост од Господ и додаде: „Вашиот пат е наш пат“.
Она што се случи уште еднаш ѝ покажа на Турција и на светот, каква зараза, каков гној е терористичката организација ФЕТО, истакна Ѓултекин и рече: „Верувам дека овој подол обид за удар ќе биде добра причина за целосно отстранување на предавничката организација ФЕТО“.
Директорот на Институтот „Јунус Емре“ од Скадар, Омер Осман Демирташ рече: „Ја осудувам предавничката мрежа која пукаше врз цивилите и врз недолжни граѓани“.
Координаторот на ТИКА во Тирана, проф. д-р Бирол Четин истакна дека е подготвен да жртвува сѐ за да бидат казнети предавничките чети што се дрзнаа дапосегнат по независноста на Турција.
Директорот на Институтот „Јунус Емре“ во Приштина, д-р Мехмет Улкер се изјасни дека во работното време работи, а надвор од него „како мравка носи вода за да го изгасне огнот“, бдее за демократијата.
Координаторот на ТИКА во Приштина, Ејуп Јавуз Умутлу изјави: „Нашиот народ и целиот свет можеа да видат дека оваа безмилосна терористичка организација прави сѐ за да ги заштити своите интереси и интересите што се под нивна контрола.
Координаторот на ТИКА во Белград, Мехмет Бајрак, истакна дека обидот за пуч имал за цел да ја наруши стабилноста на Турција, интегритетот на државата и единството на нацијата. Тој истакна дека турскиот народ делувал како „една држава, едно знаме, една татковина и една нација“ и им одржа лекција на фигурите што ја подготвиле оваа игра.
Координаторот на ТИКА во Сараево, Хусеин Шанли, истакна дека вечерта кога бил извршен обидот за пуч во Турција, и народот во Босна и Херцеговина со загриженост бил во исчекување, а Босанците што излегле на плоштадите во БиХ, ја дале својата поддршка на Турција.
Обидот за пуч покажа дека на ниту еден начин слабите и мали ветрови нема да го урнат турскиот народ и турската демократија, рече Шанли и истакна дека овој обид само ја зацврсти Турција за иднината што ја очекува.
Заменик-директорот на Институтот „Јунус Емре“, Мустафа Јилдиз потврди дека Турција од инцидентот ќе излезе посилна. Тој истакна дека во настанот уште еднаш можела да се забележи лојалноста кон државата и кон татковината.
Консултантот за верски работи во Сараево, Хасан Али истакна дека во овие денови, по обидот за пуч, нацијата ја извршила својата најголема света должност за сочувување на редот. „Заедно сме со народот против сите неаконски и правни иницијативи”, рече Али.
Проф. д-р Јуџел Огурлу од Меѓународниот универзитет во Сараево (ИУС), истакна дека Турција се вратила од работ на едно катастрофално сценарио, велејќи дека оваа организација, користејќи ги сите државни можности и верски вредности, го покажала своето вистинско лице, успеала да интервенира насекаде, започнувајќи од дневната политика во Турција до меѓународната надворешна политика.
– Реакција на туските државјани надвор од Турција
Хабил Мерт, кој во Босна и Херцеговина се занимава со трговија, истакна дека бил горд додека ги следел настаните во Турција и гледал како народот рамо до рамо им се спротивставува на пучистите. Изведувачите на пучот ги именувал како „предавници”, и рече: „Ние сме луѓе што се занимаваат со трговија. Вечерта кога беше извршен пучот, кај нас се создадоа негативни чувства. Имавме проблеми и настана вистинска тензија во обидите да контактираме со нашите семејства. Верувам дека народот на овие предавници им го дал заслужениот одговор.”
Есер Кајан, кој во Сараево води бизнис администрација, истакна дека е против обидот за пуч, и дека доколку обидот бил успешен, од него штета не ќе имале само муслиманите во Турција, туку и муслиманите во целиот свет.










