Израелското следење на Палестинците и хакирањето телефони на неколку хуманитарни работници, ја истакнаа транснационалната закана од нерегулиран израелски шпионски софтвер, изјавија експертите во четвртокот.

За време на панелот организиран од Фондацијата за мир на Блискиот Исток (FMEP), експерти и застапници за дигитални права истакнаа дека случајот со палестинското таргетирање не е единствен и дека шпионскиот софтвер создаден од израелски софтверски компании се користи од голем број земји ширум светот.

„Сите вести за групата НСО, од 2016 година, но особено во последните неколку месеци, навистина покажаа – за луѓето кои обрнуваат внимание на тоа – целосен недостаток на меѓународни регулативи за употреба на толку многу од овие технологии за надзор“, рече Софија Гудфринд (Sophia Goodfriend), истражувач во Арапскиот центар за унапредување на социјалните медиуми, познат како „7amleh“.

„И мислам дека има континуиран апетит за вести за групата НСО, бидејќи навистина потенцираат дека меѓународното право не ги задржало технолошките иновации.

Претходно овој месец, извештајот на „Вашингтон пост“ („Washington post“) откри дека израелските власти користеле „Син волк“ („Blue wolf“) – технологија за паметни телефони за да фотографираат Палестинци низ окупираниот Западен Брег, често без нивна дозвола.

Телефоните на неколку палестински членови на персоналот кои работат за организации за човекови права кои Израел неодамна ги означи како „терористички организации“, исто така беа хакирани со помош на шпионски софтвер „Пегасус“ („Pegasus“), произведен од израелската компанија „НСО“ („NSO“).


„MEE“
„Dubai-Portal“