Во Загреб попладнево започна голем протест против ковид потврдите и епидемиолошките мерки, пренесуваат локалните медиуми.

Граѓаните се собраа на две места и излегоа на протестна прошетка низ улиците на главниот град на Хрватска.
Можно е да е слика од еден или повеќемина и надвор

Собирот на граѓани започна на плоштадот на Француската Република и на плоштадот на жртвите на фашизмот, а според проценките околу 15 часот на двете локации имало неколку илјади граѓани.

Загребската полиција соопшти дека денешниот протест во Загреб не е пријавен и дека ќе ги снима учесниците на собирот.

Можно е да е слика од еден или повеќемина, споменик и надвор

Во пресрет на протестот, дел од граѓаните ги искажаа своите барања за укинување на ковид потврдите, тврдејќи дека граѓаните кои немаат потврда се противуставно и незаконски исклучени од општествениот живот и им се оневозможува пристап до работа, студирање и основното уставно право на работа.

„Наша граѓанска должност е да се спротивставиме на дискриминацијата на секој човек, да се спротивставиме на општествените поделби и користењето на оваа дискриминаторска потврда како основа за тоа”, се вели во соопштението потпишано од граѓани, учесници на „Белиот тивок марш”.

Можно е да е слика од еден или повеќемина, луѓе што стојат, луѓе во движење, надвор и толпа

Собири против ковид пропусниците и другите мерки за борба против коронавирусот во Загреб се одржуваа и во претходните денови, како и во некои други хрватски градови.