Музичарка во Англија свиреше на виолина за време на операција на тумор на нејзиниот мозок, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста во британскиот печат, 53-годишната Дагмар Тарнер се оперирала од тумор во мозокот во болницата „Кингс колеџ“ во Лондон.
Лекарите на средината на операцијата, за да бидат сигурни дека деловите што ги контролираат чувствителните движења на рацете и координацијата не се оштетени, ја разбудиле и ѝ дале да свири на виолина.
Неврохирургот проф. д-р Кејумарс Ашкан во изјавата истакна: „Знаеме колку виолината е важна за Дагмар. Затоа од витално значење беше да се одржи функцијата во чувствителните регии на нејзиниот мозок што ѝ овозможуваат да свири на виолина.“
Ашкан објасни дека при операцијата успеале нејзината лева рака да функционира 100 проценти, а притоа да извадат 90 проценти од туморот.
Тарнер, која свири во локален симфониски оркестар и разни хорови, три дена по операцијата била пуштена од болница.
Истакнувајќи ја надежта дека наскоро ќе се врати во оркестарот, Тарнер рече: „Мислењето дека ќе ги изгубам способностите да свирам на виолина беше тажно. Но професорот Ашкан, кој и самиот е музичар, ја разбра мојата загриженост.“








