Нов земјотрес е забележан во Јадранското Море, и тоа е 51-от земјотрес на Балканот од синоќа, известува Европскиот сеизмолошки центар.

Земјотрес со јачина од 4,1 степени во Рихтер е регистриран на длабочина од два километри во Јадранското Море, 43 километри северозападно од Тирана.

Како потсетување дека, од синоќа неколку слаби и силни земјотреси го погодија албанското подрачје, а според локалните медиуми, бројот на загинати се искачи на 22, со проценето 600 повредени.

Според АП, се верува дека голем број на лица сè уште се наоѓаат под урнатите згради во Драч на запад и Тумане на северот на земјата, а досега од урнатините извлечени се 43.

Спасувачките екипи од цела Европа пристигна во Албанија за да помогнат во спасувачките операции.

RadioSarajevo.